„Граѓаните на Општина Карпош знаат дека Општина Карпош вложи 600.000 евра во реконструкција на ова училиште. Тие многу добро знаат каков е мојот однос кон училиштата, меѓу кои и „Лазо Трповски““, се вели во демантот од Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на општина карпош Стевчо Јакимовски.
„Ваквите соопштенија се само уште еден доказ дека СДСМ не знаат и немаат начин како да го
скршнат вниманието кон себе, освен со вакви недолични изјави. Нивната некреативност е повеќе од очигледна и граѓаните тоа точно знаат да го проценат. Токму затоа Андреј Петров е цврсто „забетониран“ на третото место“ соопштуваат од Изборен штаб на кандидатот за градоначалник Јакимовски.