ДИК на денешната седница по барање на СДСМ расправа за 13.869 биометриски исправи, кои според опозицијата се спорни.
Во текот на расправата претседателот Борис Кондарко и членот на комисијата Бедредин Ибраими заклучија дека ДИК е ненадлежна за да изврши проценка.
Според ДИК потребно е да се побараат од МВР детални информации за тоа дали исправите биле издадени пред или откако е заклучен Гласачкиот список.
„Регистерот на граѓани го има МВР. Од таму и од Заводот за статистика ќе побараме писмена информација на што се должи ваквата појава и кога овие лица ја добиле личната карта, за да ги провериме информациите, да ги лоцираме пропустите и да ја утврдиме фактичката состојба“, изјави на денешната седница претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Во спорните биометриски исправи има заведено и такви случаи каде едни исти лица имаат по две адреси, на пример една во Скопје и една во Велес.
ДИК ќе ги разгледа и случаите наведени од СДСМ според кои 60 лица како адреса имаат во исправите наведено еден ист стан од 60 мерти квадратни.