НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транспарентни преговори се услов за демократски промени

0
By Нова ТВ on November 17, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Лепосава Огњаноска

Надежите за демократска иднина на Македонија во моментов се сконцентрирани во политичкиот процес за спроведување на Договорот од Пржино. За Договорот да го оствари својот потенцијал неопходна е транспарентност во процесот. Доколку граѓаните не се информирани за текот на преговорите и начинот на носење одлуки, изостанува секаква можност за нивно влијание. А недемократски процес не може да доведе до (повторно) воспоставување на демократијата. Потребата за транспарентност е дотолку поголема со оглед на фактот дека токму вонинституционалното одлучување создаде „заробена држава“.

Политичката криза во Македонија дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните разговори кои упатуваат на сериозни проблеми во областите кои се од клучно значење за демократијата. Во недостиг на соодветен институционален одговор, се појавија силни заложби од страна на граѓанското општество за почитување на владеењето на правото и човековите права. Ваквиот развој на настаните доведе до создавање општ впечаток дека кризата раѓа можности за напуштање на status quo состојбата и за (повторно) воспоставување на демократијата.

Сепак, притисокот предизвикан со граѓанската мобилизација не доведе до оставка на Владата, па Договорот на политичките партии од 2 јуни и Протоколот кон Договорот од 15 јули се наметнаа како прв чекор кон „нормализација на состојбата“. Но, преговарањето на претставниците на четирите најголеми партии со помош на посредници зад затворени врати, го зголеми чувството на исклученост на јавноста од процесот и ги намали нејзините очекувања. За Договорот да го оствари својот потенцијал, потребно е отворање на процесот кон граѓаните.

Транспарентноста е „кислородот“ на демократијата

Во овој момент јасно е дека нема назад и неопходно е спроведување на договореното. Отстапувањето води кон продлабочување на политичката криза и негативни последици кои најмногу ќе ги погодат токму граѓаните. Препораката за отпочнување преговори за членство во ЕУ, како што се вели во Стратегијата за проширување, е условена со исполнување на договореното како единствен начин за надминување на најтешката политичка криза од 2001 наваму. Но тоа не може да се сведе на понатамошно носење одлуки од страна на четирите партии со целосно исклучување на јавноста.

Недостигот од информации за тоа како течеле преговорите и како е донесено токму тоа решение, остава простор за сомнежи, шпекулации и незадоволство. Тоа дополнително го продлабочува чувството на отуѓеност од процесот, што од своја страна поттикнува безнадежност.

Истражувањето на Универзитетот од Готенбург покажува дека граѓаните коишто сметаат дека процесот на одлучување е транспарентен, полесно ги прифаќаат донесените одлуки. Дефицитот на демократија се појавува во општества кои иако се демократски по својата форма, страдаат од недостиг на транспарентност бидејќи нивните активности се затворени за граѓаните. Токму таквиот начин на носење одлуки доведе до назадување на демократијата во Македонија до авторитарни форми. Нетранспарентноста во случајов отвора можност за разводнување на решенијата на ниво на компромиси коишто нема да доведат до постигнување на целта, туку ќе ги одржат токму ваквите форми. Концептот на „заробена држава“ со себе носи и „заробена јавност“, труена со еднострани и пристрасни информации во услови кога слободата на изразување бележи уназадување. Транспарентноста е „кислородот на демократијата“. Потребно е јавноста да знае дали претставниците на политичките партии во улога на преговарачи навистина ги застапуваат демократските вредности, или поаѓаат од теснопартиски интереси.

Како што забележува Норберто Бобио, само кога информациите стануваат достапни за јавноста граѓаните се во позиција да создадат сопствен суд, а со тоа се остварува еден од клучните прерогативи за граѓанинот во демократијата: контрола над власта. Само тогаш народот навистина ќе биде во можност да одлучи на изборите.

Во овој контекст, посредникот во преговорите Петер Ванхауте посредникот во преговорите Петер Ванхауте посочи дека за одредени демократски принципи едноставно не се преговара, како и дека „јавноста има право да биде информирана за сите дејствувања на власта, а на медиумите е обврската да известуваат и да ја информираат јавноста, затоа што фундаменталните принципи и законската регулатива во светски рамки се однесуваат на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“.

Столче плус на зелената маса или нова локација

Покрај стриктните обврски од Договорот, не смеат да се заборават ниту Извештајот на групата експерти предводени од Рајнхрад Прибе, објавен на 8 јуни и Листата на итни реформски приоритети подготвена од Европската комисија врз основа на овој извештај. При остварувањето на договореното, неопходно е да се стават на дневен ред и овие прашања како што изразија согласност потписниците на Договорот.

Дотолку повеќе што Извештајот на Прибе ја истакнува посветеноста на граѓанското општество во промовирањето на демократските стандарди. Заедно со независните тела, граѓаните треба да имаат клучна улога во адресирањето на недостатоците на транспарентен и конструктивен начин. Поради тоа, за зголемување на транспарентноста на процесот, сметам дека е потребно четирите столчиња да се дополнат со простор за претставници на граѓанското општество, невладини организации и експерти кои се поврзани со темите за кои се дискутира. Тие треба да имаат свој конструктивен удел и во преговарањето и во договарањето. Всушност, тие се контролен механизам за обезбедување на спроведувањето на процесот за (повторно) воспоставување на демократијата и во услови кога процесот е доведен во опасност, се јавува нивна остра реакција. Предлагањето на законот за забрана на поседување и објавување прислушувани материјали е таков пример. Ова е особено важно во момент кога на дневен ред се медиумите.

Таквата инклузивност на процесот треба најмногу да биде изразена во работата на Собранието како претставнички дом. Особено е значајно Собранието да ја врати улогата на храм на демократијата, а не да остане гласачка машина како што е сега. Искуството со усвојувањето на последниот пакет закони договорен на преговарачката маса – кога пратениците речиси без никаква расправа креваа рака да ги изгласаат, е поразително. Оттаму, првиот чекор би можел да биде форматот на преговарачката маса да биде напуштен, или барем маргинализиран со засилување на улогата на Собранието, каде што договорите и обврските ќе се преточат во законски решенија и за нив ќе се расправа во собраниските комисии.

Тоа може да биде особено применливо кога станува збор за прашањето на медиумите. Согласно препораките, заради остварување на демократската улога на медиумите, потребни се кадровски промени во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, во Македонската информативна агенција, во Советот на МРТ, како и измени во законската регулатива. Наместо да се испраќаат готови решенија директно од преговарачката маса до собраниските клупи, ова прашање може целосно да биде дискутирано во претставничкиот дом. Тоа би овозможило процесот на договарање да биде пренесуван на ТВ, како што предложи пратеникот Павле Трајанов.

Понатаму, кога точките од Договорот ќе бидат исцрпени и институциите важни за демократијата ќе бидат (ре)формирани, потребно е да се види како тие навистина функционираат во пракса. Процесот на носење одлуки се пренесува во рамките на нивната работа. За навистина да има резултати во пракса, а не само на хартија, институциите и решенијата кои произлегоа од договарањето треба да постапуваат во духот на демократските вредности, каква што е транспарентноста.

Спроведувањето на препораките од Извештајот на Прибе и Итните реформски приоритети бара менување на начинот на спроведување на законите, менување на досегашната пракса на институциите да останат затворени за јавноста. Тоа е долгорочен процес што секако не завршува на денот на изборите. Независно од исходот на изборите, неопходно е процесот да доведе до формирање институции кои ќе бидат транспарентни, оставајќи простор за контрола, следење и оценување на нивната работа. Се’ друго би било само постојано вртење во круг.

Блогот е напишан во рамки на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica и е преземен од www.respublica.edu.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.