Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Париз, а не Бејрут?

0
By Нова ТВ on November 17, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 17, 2015 15:18

Терористичките напади во Париз минатиот петок го свртеа глобалното внимание кон француската метропола. Сите светски медиуми, најголем дел од просторот, го посветија на вести „од минута во минута“ за развојот на настаните – од бројот на жртвите, можните сторители, сценаријата, до теориите на заговор. Но, малкумина во тој момент размислуваа за масакрот на 43 луѓе во главниот град на Либан, Бејрут, само ден претходно, зад кој е истиот сторител – бомбашите самоубијци на Исламската држава.

Последниве години социјалните мрежи станаа израз на јавното расположение. Токму тука и се поведе вистинска „војна“ за тоа, зошто толку сочуствуваме со настаните во Франција, а не со Либан? Најголем дел од размислувањата на Твитер и Фејсбук беа критика на оние кои во знак на поддршка на жртвите на нападите во Париз, на своите фотографии, го додадоа француското знаме, а не либанското. Не помала беше и критиката до медиумите дека интересот им е ограничен само на Западот.

Дали некој ги чита вестите за Ирак, Авганистан, Нигерија или Либан?

Факт е дека она што ни се случува во најблиската околина секогаш ни го окупира вниманието. Но исто така факт е дека сите светски медиуми, од весниците Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Економист, па дури и таблоидниот Дејли меил, и светските Тв мрежи, а да не зборуваме за светските агенции објавија стории за долгогодишната голгота на Либан, каде само изминативе нешто повеќе од две години се извршени 20-тина терористички напади со голем број жртви. Уште еден факт е дека во битката за публика, медиумите се фокусираат на она што во моментот таа сака да го слушне, да го види и да го прочита. Дали Блискиот исток, Азија и Африка, со сите турбуленции последниве години, се атрактивни за македонската јавност?

– Франција е во фактичка војна со ИСИЛ (Исламска држава на Ирак и Левант) и тероризмот во Париз е мотивиран од одмазда на ‘ воините на Калифатот ‘, сеење на страв и закана. Тероризмот во Бејрут има слични мотиви, само што таму ситуацијата е заплеткана и недоволно разбирлива за нашите граѓани. Либан беше долго време растргнат од граѓанска, секташка војна (меѓу сунити, шиити и христијани), а често на неговата територија служеше како поприште на вооружени пресметки на соседните Сирија, Израел и вооружените фракции на Палестинците. Јужното предградие на Бејрут, каде бомбаши самоубијци активираа две експлозии е упориште на Хезболах кој учествува во борбите против ИСИЛ заради секташки причини. Бомбашкиот напад е освета за таа вмешаност на Хезболах и опомена. Од друга страна, самиот Хезболах важи за организација која се служи со екстремни методи, иако нема никакво оправдување за предизвикување на цивилни жртви. Накусо, ако Париз отсекогаш ни бил близок, сега и Блискиот Исток разбираме дека не е далеку од нас и дека на еден или друг начин сме дел од овој конфликт кој се глобализира и чие најкрваво лице е масовен, медиумски добро покриен тероризам врз недолжно цивилно население, вели универзитетската професорка Мирјана Малеска.

Можеби клучната реченица во објаснување на дилемата – Зошто Париз, а не Бејрут, е онаа на професорката Малеска: „Можевме ние да бидеме тие жртви“. Во актуелната криза со сириските бегалци, Македонија се најде како втора порта за нивен влез во Европа, што ги поттикна стравувањата во нашата јавност, за евентуални инфилтрирани радикалисти меѓу бегалците. На тоа се додава и близината, европските вредности кои сакаме да споделуваме, и она што во политичка и културолошка смисла значи самото споменување на Париз.

– Париз не е кој било град. Тој е симбол на просветителството и слободарскиот дух. Тоа е родното место на егзистенцијализмот, на шансоната, на убавата уметност и големи литературни дела. Таму како на ходочастие оделе наши познати уметници и писатели. Таму, во минатото се подготвувале револуции и се ковале завери. Денес ЕУ и Франција се нашите сојузници и пријатели и ние веруваме дека споделуваме исти вредности на слобода, еднаквост и владеење на правото. Терористичкиот напад врз Париз, кој одзеде над 120 човечки животи го чувствуваме како напад врз нас и нашите вредности. Можевме ние да бидеме тие жртви, вели Малеска.

Ако се прифати критиката дека светот повеќе внимание посветува на ефектот што го има бегалската криза врз Франција, каде во моментов има околу 7 илјади азиланти, во споредба со Либан, каде има нешто повеќе од еден милион сириски бегалци, или четврина од тамошното население, тогаш советот од јавноста, медиумите повеќе внимание да посветуваат на овие делови од светот за да ги поттикнат меќународните фактори да помогнат повеќе на овој дел од светот, е оној што секој новинар во светот би го прифатил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.