НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија на готовс, ако Србија ги затвори вратите за бегалците

0
By Менче Атанасова Точи on November 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу бргу ќе започне да се подигнува ограда на границата со Грција, која ќе оневозможи бегалците да поминуваат неевидентирани на други места, освен низ просторот што ќе биде оставен за влез.

Но, штом ќе се затвори границата со Србија, влезот за бегалци ќе го затвори и Македонија, велат извори за НОВА, од невладиниот сектор. Се дотогаш бегалците ќе влегуваат непречено низ влезот кој нема да биде ограден. Ова е планот, кој всушност пред два дена беше најавен на Советот за безбедност доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот ја задолжил армијата веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување ограда.

“Советот за безбедност потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат”, соопштија од Советот за безбедност кој го свика претседателот Иванов, веднаш по терористичките напади во Париз.

Ваквата одлука беше објаснета само како можност во крајна нужда, во ситуација ако државата се соочи со предизвикот за подолг престој на неконтролирана бројка на мигранти за која нема капацитет и можност да даде хуман третман. Но, засега нема планови за да се изградат нови кампови и прифатни центри во Македонија.

„Сметам дека Македонија како мала земја реално и нема капацитет да згрижи толку многу бегалци доколку се затвори границата со Србија. Затоа се прават планови за поставување ограда, за државата да биде подготвена во случај влезот за бегалци да го затворат другите држави“, изјави за НОВА Јасмин Реџепи од невладината Легис.

Синоќа во српските медиуми беше објавена веста дека Словенија и Хрватска ги затвораат границите за бегалците, но денеска Словенија ја демантираше оваа вест.

„Словенија не ја затвора границата туку воведува мерки за регулирање на влезот на бегалци врз основа расположливите капацитети со оглед на тоа колку може да прифати и да ги регистрира. Но, тоа не значи затворање на границата“, се вели во соопштението на амбасадата на Словенија во Србија.

Словенечкиот премиер Миро Церар упати порака до граѓаните, кои се уплашени по терористичките напади во Париз, дека безбедноста на државата не е загрозена. Тој нагласи дека се идентификуваат сите бегалци кои влегуваат во државата и не се дозволува да помине никој за кого ќе има сомнеж дека преставува опасност за мирот во државата.

Домашните познавачи на проблематиката велат дека преку информациите кои ги филуваат провладините медиуми, во Македонија веќе се подготвува терен за подигнување на ограда, без разлика дали таа ќе биде со жица или не.

Токму преку овие медиуми, само ден по терористичкиот напад во Париз, започна да се шири тезата дека меѓу бегалците има инфилтирани терористи, а со тоа се зголеми и гневот кај многу граѓаните кон бегалскиот народ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.