ДИК излезе со став по денешната седница на претставката на СДСМ за според нив, нерегуларно издадените биометриски лични исправи- се работи за бројка од 13.869 исправи. Според информациите на НОВА, со 4: 3 е изгласано да се испрати писмо до МВР и Статистика во кое би се барало објаснување за лицата се ставени во избирачкиот список -кога им се издадени биометриски исправи и по кој основ се новозапишани.
4 членови гласале за: Виолета Дума, Борис Кондарко, Бедредин Ибраими од ДПА, Субхи Јакупи од ДУИ, потпретседател на ДИК. Против биле членовите на ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски . Како што дознава НОВА, ДИК направиле проверка на обвинувањата на СДСМ за злоупотреби на личните исправи- контролата се однесувала на улицата Максим Горки, но наместо 60 станари во еден стан, ДИК дошле до бројка од 75 станари.