Јавното обвинителство во Велес дало налог за вештачење, за да се утврди конкретната одговорност за виновниците за смртта на родилката и нејзиното бебе кои починаа за време на царски рез во болницата во Гевгелија. Ова денеска му било соопштено и на сопругот на починатата родилка Мите Кадиев, кој беше во обвинителството да даде изјава за случајот. Тој за НОВА потврди дека дал исказ, како последен од сите други кои биле сослушани до сега.
„Дадов исказ за се што знам и што се случуваше кобната ноќ во болницата во Гевгелија. Јас ги земав сите документи од болницата. Можам да кажам дека бебето е родено живо, а во документите пишува дека е родено мртво. Мене лекарите вечерта кога излегоа од операциона сала, ми рекоа дека се борат за двата живота. Кога и како починало бебето треба да покаже вештачењето“, изјави за Кадиев.
Родилката од Гевгелија, 32 годишната Маја и нејзиното бебе починаа за време на породување со царски рез. Според извори на НОВА од Институтот за судска медицина, тие починале од задушување бидејќи долго време биле држени без кислород.
Сето тоа за стручњаците укажува дека грешката е направена од анестезиолозите, на почетокот на операцијата кога бил ставен тубусот и анестезијата на родилката.
„Долго време била држена во хипоксија, односно без кислород, така починало и бебето“, велат нашите извори.
Министерството за здравство се уште нема официјално соопштение што констатирала Комисијата која беше испратена на лице место, за како што рекоа, да констатира дали се било направено според протокол.
Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажаа дека анестезиолизите биле пијани за време на оперативниот зафат, кај едниот биле најдени 1,23 промили алкохол, а кај другиот 1,75 промили алкохол во крвта.
За експертите отвора сомнеж зошто царскиот рез била закажан во период кога не се прават операции.
Во меѓувреме двајцата анестезиолози добија отказ од работа, но Лекарската комора не им ги одзема времено лиценците за работа, како што побара Министератвото за здравство.
Директорот на болницата Сретко Јованов беше дециден дека лекарите не биле пијани и тоа го видел со свои очи бидејќи повикан да присуствува на операцијата