НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тендер на Министерство за здравство може да ги банкротира болниците

0
By Менче Атанасова Точи on November 19, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство одобрило тендер за набавка на реагенсии во биоехемиските лаборатории во болниците, со цени многу повисоки од реалните, без да се почитуваат одредени правила од тендерската документација и законот за јавни набавки.

Со ова, здравствените установи во државата во наредните три години треба да плаќаат пет до десет пати поскапи реагенси за биохемиски анализи, тврдат извори за НОВА од Министерството, а тоа го покажуваат и цените на светските пазари на фармацевската индустрија кои ги анализираше НОВА..

Директорите се во паника како ќе ги платат набавките, особено што фирмата Биотек која добила на тендерот, како што велат, барала да порачаат повеќе реагенси од што им е потребно, а цените на анализите се многу повисоки од тие што ги набавувале до сега.

Станува за збор за централизирана набавка со Рамковна спогодба, со која Министерството преку тендер треба да набави тестови за бихемиските лаборатории во 54 здравствени домови и болници во државата.

Според електронскиот систем за јавни набавки, фирмата која го добила тендерот е единствен понудувач и за тестовите во лабораториите понудила цена од седум милиони евра, односно 430.028.518 денари без ДДВ.

Иако во критериумите за доделување на договорот стои дека носител на набавката ќе биде оној кој ќе понуди најниска цена на електронската аукција,од документите се гледа дека монопол има една фирма која ги диктира цените. Нема други понудувачи и со тоа не може да се создаде натпревар за да се намалат цените.

Според критериумите од договорот, постапката се поништува доколку бројот на кандидати е понизок од минималниот или ако фирмите понудиле цени кои се понеповолни од реалните цени на пазарот. Но, од документот се гледа дека овие законски услови од договорот, Министерството не ги почитувало.

Еве како изгледаат цените на пазарот за одредени тестови за биохемиски анализи споредени со цените кои ги понудила фирмата која ја добила набавката.

На пример, најниската цена на гликоза ензимска чини 0,60 денари, средната пазарна цена е 1,10 денари, а договорената цена преку Министерството за здравство е 5,26 денари. Доколку Министерството набавело од најевтините, за количина од 4 милиони тестови ќе требало да се платат 2. 400. 000 денари, за средно скапите ќе се плателе 4.400.000 денари, а сегашната договорена цена здравството ќе го чини фантастични 21.040.000 денари.

Така е и со останатите тестови. Најниската цена за тест за уреа ензимска кинетичка изнесува 1,20 денари, средната пазарна цена е 1, 80 денари, а договорената во случајот е 6, 75 денари. Вкупната сума за 2.496.000 тестови доколку се набавеле најевтините реагенси би била 2.995.200 денари, за средно скапите ќе требало да се платат 4.492.800 денари, а за сегашната договорена цена болниците треба да платат 16.848.000 денари.

Разликата во вкупната сума е очигледна. Најевтините реагенси болниците би ги чинеле 124.204.080 денари, за средната, пазарна цена би платиле 162.815.360 денари, а сега со договорената цена ќе треба да се платат 415.252.137 денари или цели седум милиони евра.

Сега крајните корисници, јавните здравствени установи се должни да склучуваат поединечни договори согласно условите од Рамковната спогодба и тоа се обврзани да го прават во наредните три години. Тоа значи, дека во наредните три години не смеат да купуваат реагенси од друга фирма, без разлика дали се поевтини или не. Според договорот станува збор за затворен систем, односно реагенсите, апаратите и сиот потрошен материјал да бидат од истиот производител кој добил на тендерот.

Иако во Министерството уште со доаѓањето на функција на Тодоров, најавија дека нема да се дозволува набавка на апарати од затворен систем заради можни манипулации, сепак се набавуваат апарати од затворен систем, како што впрочем стои и во спецификацијата на тендерот.

Директори на Здравствени домови: Ќе банкротираме ако ја потпишеме набавката

Според информации до кои дојде НОВА директорите на болниците се принудени да ја потпишат, оваа како што велат самите, штетна набавка. Најзасегнати се малите здравствените домови, кои како потрошувачи, со мали буџети немаат можност да ги платат скапите реагенси.

Некои од директорите за НОВА потврдија дека од фирмата која го добила тендерот бараат да набават поголеми количини од потребното, така што тие се загрижени од каде ќе најдат толку пари. Доколку потпишат, а немаат да платат, се плашат дека извршители ќе им затропаат на вратите.

Загрижен е и директорот на Здравствениот дом во Крушево. Тој за НОВА потврди дека од фирмата Биотек барале да потпише набавка на реагенси за една година во вредност од еден и пол милион денари, а установата не е во можност да ја плати.

„ Во моментот бараме модус како да се намали сумата, ние немаме толку финансиски средства за да ја платиме набавката. Тие бараат да порачаме количина од 10 000 анализатори, а ние имаме 8000 жители, ние сме мал потрошувач. Доколку го сториме тоа ќе го потрошиме целиот приход“ изјави за НОВА Коста Андревски директор на Здравствениот дом во Крушево.

Според Андревски досега со договорот што го имале, Министерството одобрувало реагенси во вредност од 500 000 денари на годишно ниво. Годишниот буџет на оваа здравствена установа е 22 милиони денари. Тука влегуваат платите на вработените, режиските трошоци, медицинскиот материјал, лековите. Доколку се согласат да потпишат договор на бараната сума, на Здравствениот дом му се заканува банкрот. Тој објаснува дека за три години тие треба да ги исплатат апаратите кои ќе ги добијат од фирмата, со кои всушност работат овие реагенси(затворен систем), но малите здравствени домови не се во можност да платат. Згора на се се прави уште поголема штета, што установите треба да ги исфрлат апаратите со кои работат бидејќи тие повеќе нема да бидат функционални со нивите реагенси.

Некои од директорите разговарале меѓусебно како да најдат решение, понудата да ја одбијат. Во Здравствениот дом во Делчево се на штрек, велат дека се уште не дошле од фирмата да им ја дадат понудата.

За разлика од останатите, директорот на Здравствениот дом во Демир Хисар, Ацо Бошковски вели дека го потпишал договорот и нагласува дека станува збор за многу квалитетни анализатори. Сепак, и покрај тоа што Демир Хисар има околу 10 000 жители, договорот бил потпишан, како што рече директорот на „еден милион и нешто денари“.

„Станува збор за многу квалитетни анализатори кои даваат прецизни резултати. Населението кај нас се претежно стари луѓе кои не се во можност да патуваат до Битола, така што тука можат да ги направат сите анализи,исплатливо е“, изјави Бошковски.

Сепак, тој одбегна да одговори дали се високи цените, односно дали Здравствениот дом ќе има капацитет да ја плати набавката.

Фирмата Биотек:Набавуваме најсовремени анализатори со 60 посто пониски цени

НОВА ја контактираше фирмата Биотек, која е избрана за најповолен понудувач, како што стои во договорот од Рамковната спогодба. Добивме писмен одговор, во кој беше нагласено да не се крати ништо и да не биде променет контекстот на текстот. Одговорот го објавуваме во целост.

„Во рамките на тендерот се опфатени 54 здравствени установи во Македонија за кои е предвидено да добијат 56 најсовремени биохемиски анализатори од врвен светски бренд со голем капацитет и додатна лабораториска опрема во вкупна поединечна вредност од 70 000 евра. Цените по тест се во просек 60 посто пониски од конкурентните пазарни цени на таков вид анализатори кои се работат во Македонија бидејќи во цената се вклучени сите додатни реагенси, калибратори и стандарди, картриги за јонизирана вода, потрошни материјали, сервисни делови и услуги во времетраење од три години.

Квалитетот на биохемиските анализатори изработени на овие нови автоматски анализатори би бил далеку над сегашните резултати кои с е издаваат во моментот во лабораториите каде се работи на стари мануелни апарати и резултатите се повторуваат во други лаборатории, што прави додатни трошоци на пациентите на ФЗОМ.

По истекот на рамковните договори апаратите и целата додатна опрема, може по желба на корисниците да останат во нивна сопственост. Здравствените установи од тендерската листа не мора да потпишуваат договор за користење на опремата и реагенсите доколку не сакаат“, се вели во писмениот одговор од фирмата Биотек.

Сепак, овие апарати кои работат исклучиво со реагенси од истиот производител, доколку установите ги задржат по истекот на договорот од три години нема да бидат во функција доколку не се користат реагенсите од истата фирма. Доколку на тендер по истекот на овие три години добие друга фирма, апаратите ќе треба да се фрлат. Останува и варијантата, повторно да се склучи договор со истата фирма.

Од Министерството за здравство не одговорија на прашањата на НОВА,иако во неколку наврати во период од десеттина дена баравме одговор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.