Инспекциски екипи ќе ги проверуваат градинките во општина Аеродром, за да се утврди кој и како дал налог да се делат анкетни прашања на децата, кои пак, анкетите требало да ги достават до своите родители. Ова денеска за НОВА го потврди министерката Фросина Ременски.
Исти вакви прашања вчера беа делени и во училиштата во општина Аеродром.
„Дали сте задоволни од работата на градоначалникот на Аеродром, сметате ли дека има корупција во општината, каква е вашата оценка за оваа единица на локална самоуправа споредено со останатите“?
Ова се само дел од прашањата која ги содржи оваа анкета, а има и прашања во кои се бара мислење за реализација на досегашните проекти, како што се спортски игралишта, бесплатна парична помош за бебиња, нови детски градинки, интонирање химна на РМ во основните училишта, бесплатна училишна облека, зонско паркирање.
Анкетата опфаќа 8000 граѓани, а наставничките им ги поделиле примероците на децата и им соопштиле дека треба да бидат пополнети од страна на нивните родители.




