Речиси половина од затворениците во казнено поправниот дом „Идризово“ не можеа да си го остварат своето правото на глас бидејќи нивните имиња ги нема на избирачкиот список.
Заради безбедонсти причини беа спроведувани во помали групи до просторијата за посети каде беше сместена Изборната комисија, но дел од нив не можеа да се најдат на списокот. Диркоторот на затворот рече дека тие постапиле според нивните надлежности и обврски.
Директорот на затворот Живко Пејковски рече дека тие постапиле според нивните надлежности и обврски.
– Ние, документите на сите затвореници 1.200 на број, без странците, ги проследивме преку Министерството за правда до Државната изборна комисија, рече Пејковски.
Спорд ДИК оние лица кои ги нема на избирачкиот список се затвореници кои подолго време се во затворот и не поседуваат важечки биометриски документи, па затоа и не можеле да го остварат право на глас.
Инаку избирачкото место во затворот беше отворено навреме и гласањето се одвиваше мирно и безинциднети.