Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Факти за соборувањето на рускиот воен авион Сухој

0
By Нова ТВ on November 27, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 27, 2015 14:28

Пишува: Борис Камчев

Во часовите и деновите по соборувањето на рускиот Сухој-24 од страна на турската воена авијација се созададе еден шум од противречни коментари, искази и анализи дека турскиот лидер Таип Ердоган направил непромислен чекор, ја разбудил руската мечка и дека тој чин бил почеток на Трета светска војна.

Одбрав неколку факти кои треба да се земат во предвид пред да се донесат какви било заклучоци.

Кога некој шестооделенец пред зграда по петти пат ќе ја шутне топката во вашиот автомобил, на шестиот вие ќе му пријдете и ќе му лупнете една за да престане. Имено така можат да се објаснат дрските воздушни авантури на руската воена авијација во регионот изминативе 20 месеци.

Во овој период, откако десетици, ако не и стотина пати руски ловци и бомбардери го нарушија воздушното пространство на многу земји членки на НАТО, (одете прашајте ги Финците како се чувствуваат), една излезе ербап, како Турција во случајот во кој Русите продолжија да ги нарушуваат нејзините воздушни граници, и му удри шлаканица на палавкото: Престани да ја шутираш топката во колата по стоти пат!

Тоа беше првиот од фактите. Останатите порачуваат дека ситуацијата е многу сериозна и дека Турците, за разлика од Финците, неможеа и не сакаа да стојат настрана:

1. Рускиот бомбардер-напаѓач (Су-24 не е ловец како што пишуваат некои наши неинформираи портали и весници, ловци се Су-27 или Су-30) бил на мисија да напаѓа туркменски опозициски сили- оние кои се борат против режимот на Асад и кои се тренирани и вооружени од Турција, во квадрант кој се протегал како во територијата на северна Сирија така и во територијата турската провинција Хатај. Оваа турска територија е појас што се простира на југ по источното медитеранско крајбрежје.

2. Туркменците кои овде живеат во градови и населби расфрлани преку турско-сириската граница имаат роднински врски со Турците од Анадолија и многумина од владејачката класа на Турција потекнува од таму. Се смета дека Туркменците од Хатај зборуваат најчист турски јазик.

3. Оваа провинција има стратешко значење за Турците. Во периодот на своето распаѓање на почетокот на минатиот век, Османлиската империја, за сметка на руската, изгубила огромни територии во регионот како кавкаските земји Грузија и Ерменија. Во една реваншистичка кампања на какво-такво собирање на расцепканата територија, Хатај била анексирана од младотурците во 1938 година (за сметка на француската управа на Сирија и како дел глобалните немири во предвечерјето на Втората светска војна). Француската власт тогаш била суверен на Сирија.

4. Одвреме навреме Сирија искажува територијални претензии кон Хатај и тоа е главната причина што режимот на Асад никогаш не бил омилен во Анкара. Руската воена интервеција само ги усложни работите и ја зголеми загриженоста на Ердоган дека Асад би можел со помош на руски сили (по примерот на источна Украина) да нарави метеж и да ги прекрои границите во регионот.

5. Ова тврдење има уште поголема тежина откако Русија изврши анексија на Крим во 2014, чин што Анкара го гледа со неверување и резереви. Кримските Татари, исто како и сириските Туркменци зборуваат ист јазик, турски, и биле репресирани од истиот окупатор – Русија (во моментов Крим е соочен со повеќедневен прекин на електричната енергија). Блекаутот се случи по експлозиите на трансформаторите што служат за напојување на полустровот и се верува дека тоа е дело на кримските Татари кои не ја признаваат руската окупација поради репресиите што руската власт ги врши врз нив и врз Украинците.

6. Иако не почетокот се тврдеше дека оваа акција на соборувањето на рускиот воен авион Турција го направила самостојно, една попродлабочена анализа на целата моментална геополитичка ситуација укажува дека Анкара за ова се консултирала со НАТО-сојузниците, и добила Амин од Вашингтон. Оттука и категоричната изјава на Ердоган дека ако руски ракети нападнат турски воени авиони или инсталации, тоа би се сметало за напад врз НАТО, кое во тој случај е обврзано да одговри соодветно според доктрината на алијасната „напад врз една членка е напад врз сите членки“.

7. Анкара не само што ги предвидела сите економски последици по овој чин како туристичко и прехранбено ембарго или воведување на визен режим од страна на Русија (за енергетски санкции не станува збор бидејќи влоговите за двете страни во тој случај ќе бида преголеми, од друга страна Москва е позната по тоа дека не калкулира каква штетни последици низата од контра-санкции оставаат по рускиот народ). Значи турската власт била и комфорна во своите акции дека Москва нема многу простор за маневри и дека нема да ја ескалира ситуацијата до директен вооружен конфликт со НАТО.

8. Во врска со обвинувањата од Русија дека Турција е поддржувач на тероризмот и дека шверцува нафта од полињата под контрола на ИСИС. Да, тоа е точно дека во Турција постои силна нафтена мафија: до лани во земјата дизелот го мешаа со базни масла како еден од начините за нелегално стекнување лесен профит. Но треба да бидеме искрени и да кажеме дека слични „трговци со смртта“ има и од другата страна. Скопски Дневник, на пример, објави интересна статија за хратските тајни служби со структури од бившо-југословенската КОС кои соработуваат со ИСИС врз основа на старите врски со команданти од ирачката комунистичката партија Баат кои преминале на страната на Исламската држава. Во врска со Русија, она што нам посебно би не интересирало е следното:

Американското министерство за финансии неделава воведе санкции против лица, банки и компании кои се јавуваат како посредници во нелегална продажба на нафта пумпана од територии под контрола на ИСИС. Една од компаниите е руската банка Финасиски алијанс која е поврзана со владини структури. Едно од неколкуте лица под санкции што се јавува како посредник во продажба на ИСИС нафта на сирискиот режим на Асад е Кирсан Илумжинов, долгогодишен претседател на Светската шаховска федерација и близок на Путин и неговиот кружок. Впрочем затоа беше и реизбран на таа функција. Светскиот шаховски првак, Гари Каспаров, се жалеше дека изборниот процес во FIDE бил заглибен во скандали и корупции

Тенка е границата помеѓу љубовта и омразата но уште потенка е границата помеѓу непријателот и сојузникот. Кој велеше дека Русија се бори против тероризмот кога структури на власта “пособничат” (соработуваат) – ај да се изразиме со путински речник, со терористите за пуст кеш. Или како се вели во една стара поговорка – „кај е мирисот на кешот и нафтата таму се и ‘друзја’-та на Кремљ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.