НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дефект на стерилизаторите: Намален број на операции,лекарите позајмуваат мантили

0
By Менче Атанасова Точи on November 27, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се селектираат операциите на Хируршките клиники поради дефект во одделот за стерилизација. Писмо со ваква содржина пред четири дена е испратено до клиниките од страна на Заеднички служби. Во него се вели дека поради дефект на автоклавите, ( еден од апаратите кој работи на водена пареа) заради струен удар, тие не се во функција.

„Повикан е сервис ,кој се надевам брзо ќе го реши настанатиот проблем. Ве молиме да имате разбирање и да го селектирате оперативниот програм до отстранување на дефектот“, се вели во дописот од Заеднички служби.

Стерилизацијата е најважниот сегмент во хирургијата, бидејќи без стерилизација не се започнува ниту со шиење на рана , а не пак да се прави операција. Со стерилизација се уништуваат сите микроорганизми и нивните спори, кои може да доведат до тешки инфекции кај пациентите. Иако писмото е од 23 ноември, ситуацијата не промената.

Директорката на Заеднички служби, Шкодране Дерлишта за НОВА изјави дека тендерот за сервисирање чија процедура трае околу еден месец, е во тек.

„Во моментот чекаме да помине рокот на жалби кој трае осум дена и да ја избереме фирмата која треба да изврши сервисирање, како најевтин понудувач. Не е страшно, имаме други стерилизатори кои функционираат, расипан е само еден апарат од старите“, изјави Дерлишта за НОВА.

Сепак, лекарски извори за НОВА велат дека со стерилизацијата на инструментите се снаоѓаат, но мантилите, униформите со кои оперираат и останатите работи ги земаат, односно ги стерилизираат на Клиниката за гинекологија.

„Работиме со мантили од гинекологија“, велат лекарите.

Тие потенцираат дека стерилизацијата е многу важна во оперативната процедура, а состојбата со одделот за централна стерилизација е катастрофална.

„Повеќе години наназад никој не се грижи за овој оддел кој опслужува 16 операциони сали, а тоа е срцето на Хирургија, “коментираат лекарски извори за НОВА.

Некои од директорите на клиниките не сакаа да ја коментираат настанатата состојба, а на Неврохирургија тврдат дека нема застој на операциите.

Сепак, лекарите велат дека проблемот со стерилизацијата е многу сериозен бидејќи од тоа зависи и успехот на операцијата, бидејќи доколку дојде до инфекција тоа може да чини човечки живот.

Сепак, за Дерлишта поголем проблем е хаосот со паркингот на скопските клиники. Таа вели дека откога Владата пред две години им го даде на стопанисување паркинг просторот на Градски паркинг владее потполн неред, а возилата со Итната медицинска помош не можат да се пробијат, да влезат на клиниките. Дерлишта вели дека и покрај тоа што с е обратиле во Министерството за здравство, до директорот на Градски паркинг и до градски сообраќај, ситуацијата не е променета.

„Нашето обезбедување често има проблем иако Градски паркинг треба да воведе ред. Не може возилата да се дозволи да се паркираат на улица, кога тие располагаат само со паркингот, не и со улиците. Деновиве бев свекок кога брзата помош не можеше да влезе па, родителите на раце го земаа своето дете, со инфузија на рака и се стрчаа до клиниката. Тоа е страшно“, рече Дерлишта.

Во вакви ситуации, секогаш подебелиот крај го влечат пациентите. Без разлика дали се работи за расипан апарат, што често се случува со Компјутеризираната томографија на пример, која е многу важна при снимање на повредени во сообраќајни несреќи или други сериозни повреди или пак се работи за паркинг место кое е невозможо да се најде во текот на денот. Надлежните со години замижуваат на овие проблеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.