Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара медиумите да учествуваат во преговорите

0
By Влатко Чаловски on November 27, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 27, 2015 16:57

По вчерашната реакција на новинарските здруженија и протестот пред Клубот на пратеници на новинарите и медиумските работници пред почетокот на преговорите на работните групи посветени на медиумите, СДСМ денеска оствари консултативна средба со медиумите.

Имено иако почетокот на преговорите вчера беше закажан за во 12 часот, новинарските здруженија беа известени дека тие се одложени за денес. Протестот, во меѓувреме беше организиран во знак на револт што политичките партии преговараат во име на на медиумите.

Денеска веднаш по првата средба на работните групи и паузата помеѓу рундите кои треба да се одвиваат за време на преговорите, Роберт Поповски, како надворешен член на работната група на СДСМ оствари консултативна средба со новинарите на која информираше дека и СДСМ и медиумската заедница бараат исти регулативи за подобрување на медиумскиот амбиент во кој се работи сега.

Тој информираше дека според медијаторите во овој процес, бидејќи се пробиени роковите, а добиени се ставовите од сите засегнати, многу е важно во моментов да се преговара.

Пробивањето на роковите, вели Поповски, одат само во полза на владејачката партија која не сака промени на сегашниот систем, инаку СДСМ е за вклучување на новинарите на преговарачката маса.

Во однос на реакцијата („Не во наше име“) на новинарските здруженија дека четирите партии нетранспарентно ја кројат судбината на медиумите, Поповски потенцираше дека токму вакви средби ќе одржува постојано, а воедно неговата партија е единствена која го прави тоа.

Поповски надополни дека ставовите на СДСМ соодвестуваат со ставовите на новинарските здруженија.

На денешните преговори, СДСМ преку својот експертски а не политички тим, потенцирал дека потребно е во пакет во Собрание да влезат регулативи според кои би имало долгорочно решавање на проблемите но пред се краткорочно, за што дополнително ќе отворат прашања кои ќе важат до прогласувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори во април следната година, за да има фер поле за презентација на секоја од партиите пред изборите.

Партиите денеска ги дале предлозите за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, за работата на Јавниот сервис и за Македонската информативна агенција.

Ставот на СДСМ е дека е неопходна целосна департизација на овие три тела. Тие предлагаат политичките партии да бидат целосно изземени од предлагањето на членови во Советот на Агенцијата за медиуми и во Советот на МРТВ.

Односно, медиумските здруженија, невладините организации и граѓанскиот сектор да предлагаат членови а за јавност и транспарентност, сослушувањето, односно програмата на секој од членовите на Собраниска комисија да се одвива во живо на Собранискиот канал, за потоа да биде избран со 2/3 мнозинство за да се избегне необјективни лица да раководат со овие тела.

Собраниската комисија само би објавувала јавен повик за предлагање членови.

Како што рече Поповски, иако низ медиумите се лицитира со имиња за позициите директор на Агенцијата за медиуми или Јавниот сервис, досега тоа прашање не е отворено на преговорите.

– Ние сметаме дека за слободата на говор или слободата на медиумите воопшто не се преговара но се наоѓаме во вонредна состојба која мора да се решава на овој начин, напомена тој, притоа повикувајќи ги другите партии, секоја од нив да има консултации со новинарите на која ќе ги претстават своите ставови.

А од ЗНМ го повторуваат ставот дека четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА имаат обврска да и објаснат на јавноста, какви решенија договараат за медиумите.

– Сериозно се сомневаме дека нешто не е во ред со нивните предлози. Не сакаат да направат вистински промени во медиумскиот систем. Се водат од принципот ајде да смениме се, за се да остане исто, потенцираа вчера од Здружението на новинари.

Тие остануваат на барањето да бидат вклучени во разговорите.

– Новинарите, медиумите и јавноста – имаме право да знаеме, порачаа тие.

ЗНМ е исто така за деполитизирање на регулаторните тела, бидејќи велат оттаму, неговата работа директно рефлектира врз независноста на медиумите.

Во однос на изборот на членови во Советот на Агенцијата за медиуми, во опширната анализа на здружението за медиумскиот сектор во Македонија, се објаснува за начинот на кој се одбираат членови, за бројот на членовите и за начинот на анулирање на конфликтот на интереси:



Во анализата се појаснува и како треба да изгледа изборот на Програмскиот совет на МРТ, на кој начин, и според кои принципи треба да се избере директорот на Јавниот сервис.



Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.