Од МВР информираат дека граѓаните кои евентуално изгубиле или немаат биометриски личен документ неопходен за гласање в недела на локалните избори ќе може да аплицираат и денеска.
Управните служби на МВР денеска низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот.
Граѓаните кои денеска ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и в недела бидејќи на 24-ти е предвидено да работат сите управни служби од 07 до 19 часот само за издавање документи.
Исклучок е Скопје, каде што и во недела ќе може во итна постапка да се аплицира.