Многу слаб одзив на внатрешно раселените лица од Матејче и Опае кои денеска бираат помеѓу три кандидати за градоначалници и три советнички листи.
Денеска до 14 часот гласале само три лица од вкупно 38 раселени лица од Липковскиот регион колку што ги има регистрирано на единственото гласачко место во училишниот дом „Професор Мијалковиќ“.
По 12 години од воениот конфликт, најголем дел од раселените добија обештетување од државата и си обезбедија нови живеалишта во Куманово.
На претходните локални избори на ова избирачко место во списокот имаше заведено 93 гласачи.
Од 136 лица колку што во државата се уште се водат како внатрешно раселени, останатите се од Арачиново и за сите нив гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот.