Униформите на професионалните војници се дотрајани и се распаѓаат, а наредено им било да не излегуваат за да не ги гледаат граѓаните. Од почетокот на бегалската криза дневници не добиваат редовно, на граница спијат во подрум, без струја, а се смрзнуваат и во касарните бидејќи нема мазут. Каде се парите од ЕУ за бегалската криза?
Партиската припадност , а не стручноста се главен критериум за успех во АРМ. Ова е само дел од разговорот во ПРОЦЕС со Аднан Алитов претседател на Синдикатот на професионалните војници и Илија Николовски генерал во пензија.