НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се подготвува новото издание на скопскиот моден викенд

0
By on March 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Водена од мотото „Минато, сегашност, иднина – Секогаш е време за мода“, новата сезона на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 1 до 9 април. Седмото издание, пролет/лето 2013, ќе стави акцент на модата како неизбежен дел од секојдневието. Во рамките на седмата сезона ќе бидат претставени повеќе од 20 дизајнери.

Оваа сезона „Моден викенд Скопје“, покрај модните ревии и изложби, ќе организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, со кој ќе се долови процесот на создавање колекции кои не познаваат граници. Една ретроспектива, која ќе не’ врати назад во времето, ќе го поврзе тоа што било со тоа што се создава денес и ќе се погледне напред во тоа што нѐ очекува понатаму.

Исто така, се реализира и конкурс организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Модниот викенд Скопје (FWSK) на тема „ПОП! Мода“. На победниците на конкурсот ќе им биде овозможено да ги презентираат своите дизајнерски идеи на модната вечер, што ќе се одржи во Амбасадата на САД.

Минатата недела беа реализирани фотосесии за кампањата и за каталогот за новата сезона на Моден Викенд Скопје – пролет/лето 2013, со кои FWSK тимот го одбележа почнувањето на претстојното издание. Како заштитни лица на новата кампања се појавуваат три модели, кои претставуваат три различни генерации: Ирина Илиевска, Ивана Гелева и Јорданка Михајловиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

ВЕСТИ August 15, 2025

Студенти, граѓани, возрасни, млади, полиција, камења во лет, по некоја звучна експлозија од разни пиротехнички…

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.