Две момчиња, и двајцата од Скопје, биле нападнати и избодени во Старата скопска чаршија.
Инцидентот се случил вчера попладне кога 20-годишниот Ј.Е со нож ги нападнал своите врсници Б.Р и Ј.С.
Едниот од нив, Б.Р, бил убоден во пределот на грбот, додека Ј.С се здобил со фрактура на бутната коска.
По нанесените повреди, и двајцата се пренесени во Градската болница.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.