Откако утрово започна блокадата на Ректоратот на Универзитетот Кирил и Методиј од страна на Студентскиот пленум и Младинската организација Мугра, револтирани од започната изградба на објектите за факултетите ФИНКИ и за ФФОСЗ, студенти од овие два факултети напладне, предводени од деканите, Вујица Живковиќ и Иван Чорбев во дворот на Кампусот започнаа со садење дрва. Според деканите, овие две згради се неопходни за подобрување на условите за студентите.
Во однос на местото каде што е предвидено да се изградат зградите, тие велат дека не се целосно запознаени со планот и проектот, но дека тие поминале низ неколку филтри.
Во меѓувреме, додека деканите даваа изјави за медиумите, Студентскиот пленум и МО Мугри ги повикуваа своите колеги од ФИНКИ и ФФСОЗ на разговор, бидејќи, како што велат, тие не се против градењето на факултети, туку против начинот на кој тоа се прави.
Во Кампусот на УКИМ забележливо е и минимално присуство на полицијата.