Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги предложи Александар Чичаковски за претседател и Реџеп Прекопуца за потпретседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Изборот ќе биде на пленарна седница на Собранието, која можно е да се одржи уште денесска.
Вчера, на лидерската средба, беше постигнат договор за тоа кои ќе бидат тројцата експерти во ДИК, покрај партиските претставници. Освен Чичаковски и Прекопуца, член – експерт во ДИК ќе биде и Атанас Урумов.
Лидерите на најголемите политички партии побараа од Парламентот што побрзо да го именуваат составот на ДИК, за да почне институцијата да работи на подготовките за претстојните избори на 24.април.
Одлуката ја поздрави и белгискиот посредник, Питер Ван Хојт, кој рече дека е многу важно што ДИК конечно го добив својот состав, но дека роковите се пробиени и дека што е можно поскоро треба да се постигне договор и за медиумите.