Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гардијан: Груевски е отворен за промена на името

0
By Нова ТВ on December 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 16, 2015 11:55

Македонскиот премиер вели дека ќе биде отворена за промена на името на својата земја, зголемувајќи ги надежите за крај на еден од повеќето невообичаени дипломатски расправии во светот – 24-годишниот спорот со Грција, пишува денешен Гардијан цитирајќи извадоци од интервју со премиерот Груевски.

Како што пишува Гардијан, Груевски изразил подготвеност за повторно отворање на дијалогот со Грција нагласувајќи дека било каква промена на името ќе биде ставена на рефередум.
“Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение”, рече Груевски во интервју за Гардијан.

Ние би сакале што е можно побрзо да се оди на дијалог со Грција за изнаоѓање решение, а ако се најде решение треба да се организира референдум за да се изјаснат граѓаните дали го прифаќаат тоа решение или не, рекол Груевски за Гардијан.
Во својот текст Гардијан цитира дипломатски извор од Грција кој вели дека официјална Атина бара географска одредница како решение кое ќе се користи за сите употреби.
Гардијан исто така вели дека како опции се разгледуваат додавките „Горна“ или „Нова“ но дека засега се уште не постои согласност.

Утре, министерот за надворешни работи Никола Попоски е во Атина, во прва официјална посета на еден шеф на македонска дипломатија, по повеќе од една деценија. Во интервјуа за грчките весници „Катимерини„ и „Реал“, Попоски вели дека „условите за решавање на спорот за името се повеќе од созреани“ и дека ова нема да биде само формална посета и средба со грчкиот министер Никос Коѕиас.

Според Попоски, „Македонија има направено голем број компромиси, но и покрај тоа листата на барања од грчка страна за отстапки изгледа бесконечна“. Од друга страна ја критикува Грција, дека тамошната Влада “заборава на тоа дека не смее да го блокира приемот на Македонија во Европската унија и во НАТО“.

Вчера, членот на собраниската Комисија за надворешна политика, Софија Куновска изјави дека се работи за „димна бомба со која треба да се претстави конструктивноста на македонска страна во грчко-македонскиот спор“, откако министерот Попоски не се појави на седницата на која требаше да ги информира за најновите случување по ова прашање.

– Она што е интересно е да се препознаат двојните аршини, а тоа е дека промената на знамето и прифаќање на референцата од СДСМ за домашна употреба се користи како аргумент против, а додека во разговорите со Грција се претставува како конструктивност. Тоа е таа политика на двојни аршини што не е заеднички интерес кој може да не доведе до посакуваната цел, рече Куновска.

Во меѓувреме, грчките медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека в четврток Коѕиас на Попоски ќе му презентира неколку идеи за надминување на решението на прашањето за името, нешто што шефот на грчката дипломатија веќе го најавил за време на посетата на Скопје во јуни. Истите извори велат дека тоа сепак нема да бидат предлози од типот„земи или остави“, туку дека до договор мора да се стигне преку компромис прифатлив за двете страни.

Вчера, пак, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи. Во однос на Македонија, тој истакнал дека двете земји не може да живеат и коегзистираат во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тоа, според него, како што пренесуваат грчките медиуми, Македонија мора да го сфати и да го почитува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.