Анкетната комисија за скандалот со прислушување денеска ќе одржи седница, на која според најавата, треба да сведочи министерот за финансии Зоран Ставрески.
Во понеделникот, повеќе од пет часа, на прашања на членовите на Комисијата одговараше премиерот Никола Груевски. Тој воедно е и првиот од неколкуте сведоци кои Комисијата ги повика да сведочат за скандалот со прислупување, но досега ниту екс министрите за внатрепни и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, ниту поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, ниту советникот на премиерот Мартин Протуѓер не се појавија, ниту пак известија дали и кога би се појавиле.
Од СДСМ најавија дека Зоран Заев ќе биде првиот сведок од нивната партија што ќе сведочи за скандалот, и дека неговото сведочење ќе биде јавно.
Вчера, Комисијата формира две работни групи за посета на институции кои се во рамките на нејзините надлежности.




