Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СТАР-СТАР јавно ќе објави имиња на малтретирачи врз сексуалните работници

0
By Влатко Чаловски on December 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 17, 2015 14:03


Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници во Македонија СТАР-СТАР, денеска по осми пат се приклучи кон глобалната акција за Стоп на насилството врз сексуалните работници, одржувајќи краток марш низ улица Македонија до плоштадот „Филип II“.

Како што велат организаторите, настанот е со цел да се информира македонската јавност за загрижувачката состојба во која сексуалните работници работат.

Според податоците со кои располага СТАР-СТАР и последните истражувања извршени со анкетирање на 320 женски, машки и трансородови лица, сексуалните работници поради незашитата од институциите, најчесто не ги пријавуваат малтретирањата кои ги доживуваат.
Борче Божинов од оваа граѓанска инциијатива, вели поради третманот кој го добиваат од надлежните, како и законите и законските акти кои ја тангираат сексуалната работа во голема мера го овозможуваат прекршувањето на човековите права.

– Непостоењето на закони кои ќе ги заштитат сексуалните работници, уште дотолку ги охрабува Македонците да ги користат услугите и под присила и закана да добијат бесплатна услуга, изјави Божинов.

СТАР-СТАР препорачува извршување на внатрешни контроли, истраги и обвиненија против униформирани лица одговорни за злоупотреба на службената позиција и изнудување на услуга од сексуалните работници.

Тие бараат и вклученост на сексуалните работници во Нацрт-законите, политиките и програмите кои директно влијаат во условите во кои тие живеат и работат.

Истовремено тие апелираат на укинување на прописите, според кои сексуалните работници кои свесно и доброволно се вклучиле во сексуалната работа, парично се казнуваат.

Божинов дополни дека доколку институциите не се втурнат во заштита на оваа ранлива категорија, во иднина тие ќе отворат база на податоци и јавно ќе ги соопштат имињата на сите кои извршиле злоупотреба а се на високораководни функции.

Како најчести сторители на насилство се наведени клиентите (87,6%), полицијата (43,1%) и семејството (28,4%).

Во однос на зачестеноста на малтретирањето, испитаниците, односно сексуалните работници одговориле дека малтретирање од клиенти и полиција им се случува барем еднаш во месецот, дел одговориле дека тоа се случува најмалку еднаш неделно, додека тие што се малтретирани од семејството, одговориле дека секојдневно се соочуваат со малтретирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.