Албанска партија, која е во коалиција со партијата која ги увезува гласачите во Преспа од Р. Албанија протестира на граничен премин, јавува порталот Sky.
Најверојатно станува збор за разидување меѓу двете партии по денешните инциденти и обвинувања за фалсификат во Преспа.
Според информациите на Sky, спречени се околу десет нови автобуси со жители на Албанија да пристигнат во Преспа и со помош на фалсификувани лични документи да гласаат за политичката опција, кои им се делеле од државата во гимназијата во Ресен.
До овој момент повеќе од 1000 жители на Албанија гласале во Преспа, без никаков проблем. Ресен е преплавен со возила од Р. Албанија, јавува Sky.
Гласачи од Р. Албанија јавно обзнаниле, како што велат граѓани за Sky, им било доделено и земјиште покрај Преспанското езеро, а на сметка на тоа ќе се разрушат повеќе хотели.