Според Сојузот за иднината, режимот не се откажал од своите намери на секаков можен начин да се обиде да ја изигра волјата на галасачите.
Конкретно, до затворање на гласачките места било констатирано масовно прекршување на изборниот молк, потоа агитирање за време на молк, голем број на граѓани не можеле да гласаат затоа што некој предходно гласал во нивно име.
Од Сојузот за иднината забележале оранизиран превоз на фантомски гласачи, како и серија на кражби на изборачки ливчиња во обид да се спречи таканаречениот бугарски воз.
Сојузот за иднината очекува масовниот одзив да се одрази на изборниот резултат, кој според нив, би претставувал заверка на опозициското расположение во земјата.
Тоа би било најдобриот одговор за сите изборни манипулации на режимот, велат од Сојузот за иднината.
Според потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, првичната оценка за изборите е дека се она што се случуваше во предизборието всушнпост се пресликало и на денот на изборите.
СДСМ им се заблагодари на граѓаните за одзивот во споредба со 2009 година кога локалните се одржаа заедно со претседателските на овие локални избори граѓаните излегоа во многу поголем број.