Зоран Заев, актуелниот градоначалник на Струмица на социјалната мрежа фејсбук излезе со проценка дека води во Струмица.
„И покрај сите закани, притисоци, уцени што се правеа во текот на целиот ден и на сите гласачки места, Зоран Заев на неполн час пред затворањето на гласачките места води убедливо во Струмица со 8.220 гласови. Струмица знае и докажува на кого му ја дава довербата. “ објави Заев на социјалната мрежа Фејсбук.