НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жолчна расправа во Собранието за интерпелацијата на министерот Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on December 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во моментот се одвива жестока расправа во Собранието за интерпелацијата на министерот за здравство Никола Тодоров.

Очекував дека ќе покажете минимум совест за починатите, а не почувствувате совест да се извините на семејствата на семејството на Тамара.Сетете се само на случајот на Анамарија, девојчето кое само за неколку часа почина во болница од ообична настинка. Очен лекар ослепе пациенти, а вие зборувате за плакарчиња, за шкафчиња, му се обрати Горан Мисовски од СДСМ на министерот Тодоров.

„Вие лично сте директен виновник за смртта на Тамара. Се сеќавате што ви рече мајката на Тамара: Три години ве молев да ме примите, да ме примевте Тамара ќе беше жива досега, ви рече мајката на Тамара. Министре да си брцневте во џебот Тамара ќе беше спасена, или ние тука пратениците можевме да собереме по 250 евра“, рече Горан Мисовски од СДСМ.

„Кога ќе го отчукате на интернет вашето име на интернет девет вести од десет се против вас. За вас медиумите пишуваат дека второто име може да ви биде хаос. Дијабетичарите ги оставивте без инсулин, во Црна Гора и Румунија министерте си поднесоа оставка, а вие немате совест, срамота!

Државниот ревизор даде негативен извештај за вашето работење по сите основи, а вие излеговте и ги треснавте микрофоните. Вашата морална одговорност останува на вашата совест и домашно воспитување. Во бомбата број осум зборувавте за исклучување на лифтовите и го убедувате Миле Јанакиевски дека требало тоа да се направи уште сабајле за време на изборите“ рече Мисовски.

На говорницата излезе Ален Георгиев од СДСМ кој рече дека е жално како министер Тодоров да не ја научи лекцијата за основниот принцип во медицината „да не се наштети“.

„Во болниците ги тераат пациентите да купуваат само медицински материјали, во болниците има лебарки. Бркајќи ги ноќе лекарите како пушат цигари не им објаснивте зошто набавувате евтини конци и лекови од кој зависи живото на пациентите и децата.
Дозволивте за болните од рак да нема цитостатици и лекови за болка. За односот кон лекарите да не зборувам, ќе останете запаметен што со судска постапка сакавте да го задушите штрајкот, ги извадивте лекарите на контра протест. Лекарската комора е единствена во светот која ги напаѓа лекарите, а го штити министерот.

На матичните лекари им ги броевте упатите и рецептите, мене како хирург ме теравте да одам на курс во спротивно ќе ме казните. Македонија е на последно место по здравствените услуги, а над 70 одсто од лекарите сакаат да си одат од државата. Секакви реформи ќе бидат бесмислени во иднина, па дури се фаворизираат погребални служби.

Кажете колку вакцини протв грип завршија во буниште, колку пари се фрлија за скапите вакцини против ХПВ, Во Охрид во болницата, 5 милиони евра отидоа на реконструкција, а колку отидоа во дупка. Колку дебело се платени КТМ?

Врв на лицемерие е лекувањето во странство. Вие бевте тие кои рековте дека треба да престанат донациите за Тамара, дека ќе дадете дозвола за лекување во странство. Кога докторката што стави потпис за тоа, не ја врати наградата што и ја дадовте, вие треба да имате доблест да си заминете. Одете си пред да мораме да гласаме“, рече Георгиев од СДСМ.

На говорницата излезе министерот Тодоров.

„Многу гнев и фрустрација има тука, очекувано. Дали е добро или лошо што во болницата во Штип има интервентна кардиологија. Се базирате на смешни индикатори за квалитет на здравствен систем. Дали е лошо што во Штип има ангиограф? , праша Тодоров.

Му реплицираше Георгиев-магнетната резонанца не ви работи три месеци, акцелераторот во Штип уште не е ставен во функција уште.

„Нема леќи за операциите на очи, снема конци кога дојдоа америкаците, нема капки за ширење на зеници, дестилирана вода купуваме самите, немаше кутии каде да ги ставиме донираните леќи, рече Георгиев.

По ова Тодоров ја напушти собраниската сала, а на говорница излезе Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ.

„Дикусијата ви е тенденционна и морбидна м каква врска имаа т погребалните служби. Како зборвате за трансплатации кога Мкаедонија е на осмо место по трансплантација од кадавер. Сега има три акцелератор, сега има најмногу цитостатици, штрајкот не успеа дека го радикализираа, рече Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ.

“Вие Чибишев наместо да с е приклучите дозволивте контра штрајк. Еве слика од тоалет во болницата во Штип, супер е само фали капак, ова е врата ,ама фали брава вратата се држи на жица, му реплицираше Ален Георгиев од СДСМ.

Реплицираше Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ. Тој зборуваше за тоа колку е инвестирано во градење на болници.

„Буквално ништо не сте изградиле вие , во ваше време во цела држава имаше само еден КТМ, а сега има 17 апарати. Со овој број на снимања, ако беше СДСМ до 2025 ќе се чекаше на ред. Осум пати се намалени цените на лековите. Платите доцнеа на лекарите , сега не доцнат, рече Ѓорчев.

„Се изнавикавте, ама не можете да ја смените тажната вистина. Можеби не сме инвестирале доволно, ама затоа ги изгубивме изборите, вие имате можност да направите нешто“, му аплицираше Георгиев.

Седницата продолжува со несмален интензитет, а во 18 часот пред Собранието е најавен граѓански протест за оставка на министерот Тодоров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.