Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров. Од вкупно 85 присутни пратеници за интерпелација 29 гласаа , а 56 пратеници беа против.
По бројните смртни случаи во здравството опозицијата побара оставка од министерот Тодоров во Собранието, а како причина наведе и како што рекоа, многу неуспешни проекти и реформи во здравството.
Од владеачката ВМРО ДПМНЕ застанаа во одбрана на Тодоров нагласувајќи ги инвестициите во реконструкција на болниците и набавката на медицинска опрема.