Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два месеца протест на поранешните работници во Охис – сметаат дека се игнорирани

0
By Влатко Чаловски on December 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 22, 2015 12:35


Повеќе од два месеци поранешните работници во „Охис“ излегуваат на мирен протест пред Владата со надеж дека нивните барања ќе бидат сослушани од премиерот Никола Груевски или некои од министрите. Истото го направија и овој вторник.

Исплатата на 24 плати од државниот загубар која тие ја бараат, и понатаму тврдат декат може да се реши со стопирање на некои од проектите на Владата за кои е непотребно да бидат на агендата.

За „Охис“ последниве години распишани се десетици обиди за продажба, но сите без успех.

Диме Стојковски, поранешен работник во компанијата, им порача на властите дека со нив не треба да се игра “пинг-понг“ бидејќи тие се луѓе кои крпат крај со крај во недостаток на средства.

– Им порачувам на нашите парламентарни избраници да не си играат со нас “пинг-понг“ и да не праќаат кај менаџерскиот тим, бидејќи тој тим е поставен од нив, и тој тим го доведе „Охис“ до колапс. Нема идеи за работа туку гледаат само да искористат за себе, вели тој.

Во однос на тоа што бројот на присутни демонстранти се намалува како што одминува времето, Стојковски вели, бројот воопшто не е важен бидејќи тој не сака да дојде до евентуално насилство за ситуацијата да се реши.

Тој дополни дека досега оствариле средба со соработници кои ги информирале дека барањата биле доставени до надлежните министри и премиерот, но сепак велат, бараат директна средба со Никола Груевски, кој сметаат дека ги игнорира.

Тина Петковска пак, потенцира дека нивното присуство пред зградата на Владата е доволно за некој од повиканите министерства да се изјасни, меѓутоа никој не презема ништо.

– Ние ги имаме и писмено доставени барањата и аргументите до премиерот а немаме никаков одговор, да не биде дека ние овде сме се собираме туку така, вели таа.

Поранешните работници во „Охис“ велат тие ќе продолжат со протестите, макар значело и да гинат пред Владата, бидејќи тие немаат друг излез.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.