Новиот предлог Закон за регулирање на канабисот во медицински цели е избрзан и има многу недостатоци, сметаат во Невладината организација ХОПС која со години ја третира оваа проблематика.
Предлогот на Законот е објавен вчера на страната на Министерството за здравство и до неговото објавување никој го немаше видено, тврди Влатко Деков од ХОПС.
„Го повикуваме Министерството да го доработи Законот бидејќи не одговара на потребите и да повика на стручна јавна расправа и други чинители. Во него не е регулирано за кои болести и форми ќе се применува, како ќе се препишува, каде ќе се купува. Законот отвора можности за правни лица да можат да го произведуваат, односно само тие што имаат финансиски капацитети , а не и индивидуални лица“, рече Деков.
Повеќе на оваа тема погледнете во видеото