НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и Германија се заинтересирани за решение на проблемот со името

0
By Борјан Јовановски on December 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За најновите случувања во процесот на решавање на спорот со Грција разговаравме со Агелики Спану, главен уредник на весникот FREE SUNDAY. Нашата колешка Агелики Спану го следи овој пр0оцес од самиот негов почеток во раните девеесети години.

НОВА: Дали се случува нешто ново во процесот што може да наведува дека овој пат може да се случи некаков прогрес во насока на изнаоѓање на решение за проблемот со името?

Агелики Спану: Во Грција преовладува мислењето дека до изборите кои кај вас се закажани во април тешко е да се очекува било каков напредок по ова прашање.

НОВА: Дали мислите дека сега постои зголемен интерес кај меѓународните фактори и особено САД да се изнајде решение за спорот?

Агелики Спану: САД но и Германија се заинтересирани да се најде решение бидејќи сметаат дека со тоа ќе се придонесе кон стабилизацијата на целиот регион. Имајќи ги во предвид актуелните и потенцијални ефекти од бегалската криза за целиот регион на Западниот Балкан постои загриженост тука во Атина дека некои фактори во пресрет на самитот на НАТО закажан за јули во Берлин ќе извршат притисок за изнаоѓање на брзо интегрирање на вашата земја во НАТО. Доколку прогрес не биде постигнат до тогаш тоа нема да биде во интерес на официјална Атина.

НОВА: Дали посетата на министерот Никола Поповски донесе нешто ново во однос на проблемот со името?

Агелики Спану: Посетата на Поповски не донесе новини во процесот но беше значаен чекор за почеток на нов развој. Исто така забележавме нов моментум барем овде во Грција. Министерот Коѕијас упати барање до парламентарните партии да поднесат свои предлози за решавање на спорот со името како и расправа за градење на мерки за доверба. Овој процес напредува позитивно и веќе имаме развиено добро ниво на комуникација помеѓу институциите од двете држави во однос на бегалската криза.

НОВА: Како се разбра во Атина забуната која се случи околу написот на Гардијан?

Агелики Спану: Немаме тука впечаток дека Груевски е заинтересиран да направи чекори нанапред за да се надмине спорот поради неговите националистички гледишта околу ова прашање. Исто така разбирливо е дека решението нема да се најде со пораки преку медиумите туку преку конкретни дипломатски активности.

НОВА: Дали во Атина постои надеж дека во услови на длабока политичка криза во каква што се наоѓа Македонија како и економската криза во која се наоѓа Грција можно е да се дојде до решение?

Агелики Спану: Кризите без разлика дали се економски или политички, ако имаат ефект врз бегалската криза или пошироко врз стабилноста на регионот, може да имаат спротивен ефект од оној кој го очекуваме Тие кризи може да придонесат кон интензивирање на разговорите. Како и да е нема верба во Атина дека Груевски е кредибилен соговорник

НОВА: Левичарската Сириза знаеме дека не е толку националистички ориентирана особено по прашањето на името за разлика од нивните претходници Неа Демократија и ПАСОК. Верувате ли дека владата на Ципрас е подготвена да направи прогрес по ова прашање?

Агелики Спану: Сириза владее заедно со популистчкиот АНЕЛ кој има големо влијание во надворешната политика. Тешко е за двете владеачки партии да постигнат компромис. Сепак чекори напред какви што ги спомнав се важни за Сириза која не се плаши од проблемот со името.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.