Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А зошто баш Лидија Димковска морало да добие награда?

1
By Биљана Секуловска on December 26, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 26, 2015 10:17

Не ме изненади воопшто скандалот со писателката Лидија Димковска. Откако библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја прогласи за најчитан писател на годината, некој во таа библиотека експресно се предомисли и на сосема други автори им ја додели титулата. Потоа, повторно и се јавуваат на Димковска и и соопштуваат дека ја прогласуваат за „најчитан писател што твори надвор од границите на Македонија“ .

После ова Димковска напиша: Во нивно и во мое лично име не ја признавам ad hoc новововедената награда за најчитан/а (раселен/а) автор/ка, а плакетата и ја отстапувам на в.д. директорката на Градската библиотека Браќа Миладиновци г-ѓа Гордана Петревска „за спомен и долго сеќавање“ на скандалот што сама (или некој над неа) с/и го скрои.“,

И навистина, која е вооошто Лидија Димковска? Зошто би и се давала некаква награда?

Писателка- па што? Тоа секој може да биде, но како тој секој стои со Партијата да видиме, тоа е единственото што се брои, вреднува и значи во оваа земја.

Дали припаѓа на некое племе можеби, секта, клан, да се послужам со зборовите на Арсен Дедиќ. О, па се разбира дека не. Никаква папочна врска на Партијата не ја поврзува со неа. Гледате, самата си ја потпишала пресудата.

Ниту една партија не би се заколнала дека ја препознава како нејзин подмладок. Едвај би ја препознале на улица- никогаш не лепела плакати за избори, не гарантирала за партиски членови дека ќе гласаат на избори, нема дома неколку лични карти, не му служела на ниту еден Пустец. Зошто воопшто би го дишеле воздухот со неа?

Ниту една од бројките на некоја членска карта на партијата на власт не е во нејзина сопственост. Еретиците беа измачувани во средниот век, а инквизицијата им ги палеше книгите. Димковска може сама да го донесе јажето- веројатно е доволно свесна колку е бесполезен член на оваа Партија од општество.

Никогаш не била во првите редови да ракоплеска на лидерот и да му подаде свежо цвеќе кога бил во празнично расположение. И за овој гест никогаш направен нема објаснување, како и за се друго во тој живот надвор од Партијата со која дишат сите, само таа не, само таа упорно не.

Дали сте ја чуле дека некогаш и се заблагодарила јавно на министерката Елизабета Канчевска? Всушност, не и се заблагодарила ниту тајно, ниту во мислите, најмалку во молитвите. И после ова таа се нарекува писателка?

Лидија Димковска не се потпишала на некаква петиција за ниту еден политичар да остане на власт. Не само што не ставила потпис, таа би се прогласила за неписмена доколку тоа се побара од неа. И дури тогаш не би го пружила показалецот со мастило да биде отпечатен.
Дури ни делчето од ноктот на нејзиниот најмал прст не би гинел за некој лидер.

Ете затоа, Лидија Димковска не може да стане најчитана писателка на годината. Некои се збогувале со неа, но таа очигледно не- од оваа земја. Тука е проблемот, но Димковска е една од најдобрите воопшто што сме ги имале, и веројатно го знае она што е важно- дека вреди од оваа земја никогаш да не се откажуваш, особено тогаш, кога државните институции тоа го прават од тебе. Затоа што, секогаш е тоа добар знак, барем за еден уметник, кому институциите и функциите се првото нешто од што би се откажал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.