„За Струмица имаме спротивни податоци од тие што соопштуваат СДСМ, според нашите информации се води изедначена битка, а не победиле СДСМ, како што известуваат тие“, рече Илија Димовски на последната прес конференција.
Според податоците за изброени гласови во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија води во Бутел со 3:1 во односот на изброени гласови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Во Аеродром односот е 2:1, во општина Гази баба, според податоците од изборниот штаб, кандидатите од ВМРО ДПМНЕ водат со 10 илијади гласови предност пред коалицијата Сојуз за иднината.
Во Кисела вода разликата е 7 илијади гласови.
Во Крушево 2900 гласачи го дале гласот за ВМРО ДПМНЕ наспроти 2100 за Сојузот за иднината.
Во Росоман односот е 2:1 за ВМРО ДПМНЕ.
Во Струмичко Ново село разликата од изброени гласови е 400, а предност на своите кандидати ВМРО ДПМНЕ бележат и во Василево и Пехчево.
Од досега обработените податоци, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Охрид води со значителна разлика.