Последни информации на СДСМ: Како што брифираат за НОВА, Андреј Жерновски победува во општина Центар во прв круг, Андреј Петров влегува во вториот круг во Карпош.
Според досега обработените податоци од аналитичкиот центар на СДСМ соопштуваат дека се очекува победа на Зоран Заев, кандидатот за гардоначалник на Струмица уште во првиот круг.
Како што информираше пред малку потпретседателот Гордан Георгиев, водството во Куманово е околу 2.500 гласа во корист на СДСМ.
Од досега преброените гласачки ливчиња, Сојузот за иднината води и во општините Ѓорче Петров, Кочани, Дебарца, Берово, Ранковце и Богданци.
Извори од СДСМ за НОВА неофицијално коментираат дека кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски може да го освои мандатот во првиот круг.