НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смени на економските директори, болниците потонаа во долгови

0
By Менче Атанасова Точи on December 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 15 директори се разрешени или сменети во јавните здравствени установи, од кои пет на скопските клиники, дознава НОВА од извори во Министерството за здравството. Дел од нив се разрешени и прераспоредени на други пониски работни места, а дел се распоредени како директори на други клиники.

На некои од испразнетите места се носат луѓе од надвор, велат нашите извори. Нема објаснување од Министерството за здравство на што се должи смената на директорите кои се задолжени за економски прашања во болниците и покрај тоа што прашањата беа упатени и писмено и усно.

Овие директори беа поставени да менаџираат со буџетите на болниците и заедно со стручните, односно медицински директори имаа врзан потпис во однос на сите плаќања и договори. Но, речиси сите болници тонат во натрупани долгови. Тие во изминатиот период праќале податоци за работењето на установите каде што менаџираат, но велат дека не знаат која е причината за нивната смена.

Веста дека се разрешени кај дел од нив стигнала во четвртокот и тоа во форма на писмено известување. Внатре не им било образложено кои се причините за нивното разрешување. Тие посетувале курс за менаџери во траење од 2-3 недели, по што полагале комјутерски. Некои од нив не го поминале нивото.

НОВА дознава дека на Клиниката за рентгенологија е назначен директор кој претходно работел во Охридска банка, а претходниот е распореден да менаџира со Клиника за ендокринологија.

„Во четвртокот добив известување дека сум сменет и еве сега сум распореден на ендокринологија. Ние бевме вд. директори и мандатот ни истече во септември. Имаше распишано конкурс, а посетувавме курс за менаџери. Има и такви кои не ги поминаа тестовите“, изјави кратко Гоце Вељановски, екс директор на Ренгенологија.

Која е причината за смените, сега пред избори останува нејасно. Лекарите пак, прашуваат што ќе биде со медицинските директори со кои менаџирале заеднички, дали тие ќе бидат разрешени.

„Која е улогата на економските директори не знаеме. Тие како да се тука само да трупаат и распоредуваат партиски кадри“, велат лекари на една од скопските клиники.

Реформите со два директори, со врзан потпис не ги дадоа очекуваните резултати. Напротив болниците потонаа во долгови, а економските директори се нагрдени со плата од 70 000 денари, што заедно со придонесите државата ја чинат над 100 000 денари. За разлика од нив медицинските директори земаат 40 000 денари плата.

Иако во 2009.та година им беа простени долговите болниците веднаш генерираа нови долгови што покажува и анализата на НОВА.

Ситуацијата годинава е уште пострашна и е катастрофална. Болниците се во огромни долгови, голем дел од нив се со блокирани сметки. Вработените примаат плата, но нема пари за лекови и медицински материјал, за чаршави и пижами за болните. Долговите на Ортопедија, Трауматологија, Анестезија и Интензивно лекување достигнаа до пет милиони евра, Трансфузија должи три милиони исто колку што должи прилепската болница, која е со блокирана сметка. Слична е ситуацијата и во другите клиники и болници во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.