Во текот на новогодишната ноќ се родија првите три бебиња во 2016 година. Во 00.01 минута на Клиниката за гинекологија во Скопје се родија близнаци, машко и женско, како и уште едно машко бебе.
Едното е машко бебе, тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри, од мајката Јована Андоновска Буриловска (1978) од Скопје, општина Карпош, на која ова и е трето дете. Втората родилка е Александра Андонова (1982) која на свет донесе близнаци и тоа женско тешко 2 килограми и 290 грама долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама, долго 48 сантиметри на која ова и се први деца.
Мајките и бебињата ги посети градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, кој на првороденчињата им подари штедни книшки со 20.000 денари и други подароци.