Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човек на годината: Никола Груевски

0
By Биљана Секуловска on January 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 2, 2016 11:06

Секако дека премиeрот Груевски треба да биде прогласен за човек на годината. Внимавајте, дури и да не остане ниту едно живо суштество на планетава, ако има правда, бога и милост, тој би ја добил титулата почесен член на човештвото.

Откако Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) ги додели наградите за личност на годината заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ го доби првото место, на второто се наоѓаат жената и децата на претседателот од Азербејџан, Илхам Алиев, додека македонскиот премиер Никола Груевски е трет по заслуги од овој тип. Зошто? Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривање на истрагите за убиства, се вели во образложението на OCCRP. Тоа е орденот на Груевски.

Кој не би посакал на следните избори повторно да гласа за лидер кој има чест да биде номиниран во една таква листа за корупција и криминал и потоа какво задоволство, устоличен на трето место како најквалификуван за таа титула во светот? Одговорот на ова прашање е- Сем Вакнин.

Затоа што Груевски ќе стане демократ преку ноќ, како што прочитавме од Вакнин, во неговите дијалози со новинарот Зоран Димитровски, во неделникот “Фокус”. Но, да не избрзуваме.

Најпрво Груевски ќе победи на следните избори (го цитирам Вакнин), по што ќе стапи таа кристална ноќ за сите нас. Веројатно кристална во друга смисла, иако човештвото знае само за една, онаа во времето на погромот, како претходница на Холокаустот.

Во случајот на Груевски, веројатно Вакнин така тоа го замислува, ќе дојде до еден вид кристално јасно соочување со самиот себе, просветлување, ќе се соочи со неминовноста од воведување демократија.

Иако, каква е оваа пародија, Груевски сега вели дека се бори за воспоставување на демократија и тврди дека веќе цела една деценија ја спроведува, а пропустите и слабостите припишете ги на кочничарите и непријателите во неговите напори- е, тоа оди на конто на опозицијата.

Тој демократски пресврт кај Груевски ќе се случи таа ноќ веднаш по изборите, претпоставувам. Улулкан од ловориките кои му беа врачени од Мрежата, ќе се разбуди одеднаш избезумен, додека го сонува новото семејство кое му е сега со сите почести доделено: Ѓукановиќ, сопругата на Илхам Алиев, Мехрибан и нивните деца Лејла, Арзу и Хејдар.

Како попарен ќе рипне Груевски, ќе се исправи на креветот, ќе ја поправи мрежата на косата (како да станува збор за носталгија кон стар француски филм) и ќе извика: Моето ново семејство е демократијата, мојата иднина е благосостојбата на овие народи (ќе се замисли малку, дали баш и морало да се додели титула на Албанците дека се народ? па ќе ја промумла таа пуста множина од народ), моите избори отсега се и ваши.

Ќе се стресе додуша кога ќе ги здогледа црните кеси со избирачки ливчиња расфрлани околу неговиот кревет, да не речам дека е затрупан до гуша од нив, но брзо ќе се соземе и ќе се упати до првата слободна дупка да ги закопа. Како поинаку би се одвивал преминот кон демократија, ако не на овој начин, ве молам?

Следи новиот скок на нашиов вљубеник во демократијата: до првиот црвен телефон наменет за медиумите, ќе го информира Мартин Протуѓер за најновото сценарио во кое Сител, Канал 5, Алфа и МТВ се прогласуваат за слободни медиуми. Доколку постојат некои инкриминирачки документи, ќе послужи дупката од погорниот пасос, каде што се закопуваа црните кеси од избори. Нема друг начин да се стане демократ преку ноќ, ви велам.

Следи нова фаза: ќе го дограби вториот црвен телефон наменет за претседателот Иванов и ќе нареди ослободување на сите политички затвореници. Секако дека Велија Рамковски и Љубе Бошковски нема да поверуваат, ќе мислат дека ги носат на стрелање. Но, демократијата е прашање околу кое Груевски не сака да полемизира.

Доаѓа време за третиот црвен телефон, оној за судството, е, тука ќе мора да и врачи отказ на Катица Јанева (како вели Сем Вакнин, да го парафризирам- едноставно нема што да се сработи) и да ја врати во Гевгелија со првиот кинески воз. Материјалите од прислушкуваните разговори за жал, ќе мора да се запалат или парче по парче да се изедат, за да не остане трага во претходните демократски процеси на Груевски.

Секако дека следниот црвен телефон не е и последниот, но тој му припаѓа на Груевски за комуникација со тајната полиција. Ќе им соопшти дека ја признава опозицијата, иако ќе биде искрено зачуден и потиштен, затоа што нема да може никако да се сети- за што и кого точно станува збор? За Заев? Ако е тоа истиот човек за кој Сем Вакнин вели дека слично како Катица Јанева нема некоја улога, да не речам дека и покрај напрегањето не може да ја врати сликата на тој човек, како навистина тој изгледа,за кого побогу говориме? Но, тоа се тие слатки маки на нашиот новопечен демократ- еднаш ќе мора да се соочи со фактот дека некогаш ќе мора и да живурка некаква опозиција.

А тоа еднаш дојде сега, откако Вакнин ни ја понуди таа идилична слика за нашата иднина, во која Груевски ќе не води одлучно и смело, но отсега како демократ, додека сите црни дупки од минатото се грижливо откопани од меморијата на народот и закопани со истата лопата во која беа фрлани сите непотребни докази за претходните демократски перформанси на нашиот Лидер.

Токму затоа, Никола Груевски заслужува да стане човек на годината. Мило Ѓукановиќ и семејството на претседателот на Азербејџан знаат што говорам. За таквите како мене немаат сомнеж дека ако напишам поинаку, ќе игра лопатата која ги фрла во заборав оние кои мислат поинаку. Демократијата е скапоцена играчка, нели Груевски?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.