Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: На површина од 250 игралишта, Миленко Неделковски чува 60 кози

0
By Влатко Чаловски on January 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 4, 2016 14:19


Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска соопшти со колкаво земјиште располага водителот Миленко Неделковски, за кое вели го добил од премиерот Никола Груевски за неговата соработка.

Како што вели Николовски, додека сточарите молат за парче земја, Миленко Неделковски располага со пасишта со површина на која може да се сместат 250 игралишта и тоа за само 60 кози.

Според договор склучен во 2009 година, концесионер на површината е Натурал Фудс ДОО Градско и друштвото за продукција, Вондер Интернационал М ДООЕЛ Скопје, а во сопственост на Виолета Неделковска. Управител на Вондер Интернационал М ДООЕЛ е Миленко Неделковски, а и двете фирми се регистрирани на иста адреса.

Заменик-министерот потенцираше дека според овој договор, фирмата Натурал Фудс ДОО Градско, со само 60 кози располага со земјиште кое одговара на над 700 грла добиток.


Миленко Неделковски, ЈуТјуб фотографија

Тој побара од Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори колку кози на денешен ден ма фамилијата Неделковски и дали е достигната бројката на договорени грла.

Љупчо Николовски побара и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој да достават податоци колку субвенции користат, дали се посетувани од инспекција, дали произведуваат или површините се користат само за добивање субвенции.

– Нареднава година, секој што се огрешил, ќе одговара пред законот, рече дополнителниот заменик-министер.

Неодамна Николовски во интервју за НОВА, објави дека и пратеничката Весна Пемова, потоа сопругата на пратеникот Александар Спасеновски, која воедно е и шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, исто така се корисници на земјиште доделено од Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.