Лидерот на здружената опозиција Бранко Црвенковски на финалниот прес изјави дека ова биле се, само не и фер и демократски избори. “Не одиме во втор круг се додека не се расчистат сите нерегуларности”, додаде тој.
“Граѓаните беа подложни на огромни притисоци и медиумска тортура. Наша цел се предвремени парламентарни избори.”
Црвенковски им се заблагодари на граѓаните кои излегоа и се одважија да го дадат својот глас против оваа, како што кажа тој, режимска власт.