Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин: Не знаев дека Меркел се плаши од кучиња

0
By Нова ТВ on January 12, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 12, 2016 14:44

По повеќегодишни гласини, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека кога на германската канцеларка Ангела Меркел и го претставил неговото куче, лабрадорката Кони за време на средбата во Сочи во 2007-та, не знаел за нејзиниот страв од кучиња, и демантира дека целта му била да ја исплаши.

– Кучето не ви пречи, нели? Таа е многу пријателски настроена и сигурен сум дека добро ќе се однесува, и рекол Путин на Меркел, на што таа му возвратила на руски јазик: „Не, гледам дека таа не јаде ни новинари“.

Но, и покрај нејзината шега, фотографиите од средбата ја прикажуваат непријатноста кај Меркел кога Кони седнала до неа.

Иако, Меркел никогаш јавно не го коментираше настанот, почнаа да се шират гласини дека потегот на Путин бил намерен за да ја уплаши канцеларката во текот на преговорите, што Путин вчера го демантираше.

– Не знаев за нејзиниот страв. Сакав да и го покажам кучето, бидејќи мислев дека ќе и се допадне. Подоцна и се извинив, вели Путин во интервју за Билт. Исто така тој ја опишал Меркел како „искрена“ личност и “голем професионалец“, додавајќи дека нивото на доверба меѓу нив е многу високо.

Односите меѓу Путин и Меркел последниве години станаа едни од најважните и воедно најтензичните меѓу кои било европски лидери.

Тие меѓудругото и буквално говорат ист јазик – Путин зборува германски и работел како агент на КГБ во Дрезден, додека Меркел научила руски јазик додека растела во Источна Германија. Но, сепак, нивните односи се забележително поладни во споредба со оние на Путин со нејзиниот претходник Герхард Шредер.

Меркел стана една од најгласните критичари на Путин меѓу европските лидери и беше една од оние која инсистираше на воведување европски санкции кон Русија по анексијата на Крим во 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.