НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов сингл на Дубиоза Колектив

0
By on March 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Дубиоза Колектив денеска го претставува новиот сингл насловен „Кажу“, со кој се најавува шестиот студиски албум на бендот. Во рамките на регионалната промоција, радио синглот кај нас премиерно ќе биде емитуван на Антена 5 Радио, додека од утре синглот ќе биде достапен и за онлајн преслушање.

Новиот албум на Дубиоза Колектив, насловен „Апсурдистан“ ќе биде објавен на 15. април. Елекронското издание на албумот ќе биде достапно за бесплатно преземање на веб страницата www.dubioza.org , а истиот ќе има и свое физичкото издание, кое за Македонија ќе биде објавено под етикетата на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио.

„Песната ‘Кажу’ е инспирирана од општоприфатените ‘вистини’ со кои сме секојдневно бомбардирани преку медиумите, рекламите, соседите, блиските и далечните роднини. Тие ‘вистини’ се најчесто засновани на непроверени информации и гласини и имаат малку или воопшто основаност на реални факти. Со помош на магичниот збор ‘велат’ се надоместува недостатокот на аргументи затоа што она што мнозинството (нацијата, соседите, светот) го мисли е веројатно вистина и од поединецот се очекува да го стори токму она што мнозинството го вели.“ – велат членовите на бендот.

За овој сингл подготвен е и анимиран спот, чија телевизиска премиера е закажана за 1 април на регионалниот „МТВ“ канал. На реализацијата на видео спотот работеа аниматорот Тони Хумл и цртачот Филип Андроник.

Дубиоза Колектив во меѓувреме ја продолжува концертната сезона, во чии рамки веќе се закажани повеќе од 30 концерти ширум светот, меѓу кои и настапите на неколку поголеми музички фестивали („Сигет“ во Унгарија, „Шенгенфест“ во Словенија, „Похода“ во Словачка и др.).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.