По седумчасовни преговори во резиденцијата на евроамбасадорот во Пржино, лидерот на СДСМ Зоран Заев во куса изјава за новинарите, на еден час по полноќ изјави дека преговорите се пропаднати.
– СДСМ нема да учествува на изборите доколку тие се одржат на 24 април и доколку дотогаш не се решат сите прашања предвидени до Договорот во Прижино.
Повеќе детали за она што се случувало на маратонската средба тој најави за утре.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи кој истовремено ја напушти средбата не сакаше да даде изјава, туку рече дека тоа ќе го направи еврокомесарот Хан.