Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по маратонските преговори во резиденцијата на евроамбасадорот во Пржино изјави дека е невозможно да има договор меѓу четирите политички партии, затоа што три партии се согласиле предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, но една партија била против.
– Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да и помогнат на земјата. Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите , изјави Хан кој најави дека повторно ќе дојде во Македонија.
Тој сепак, не ја отфрли можноста за одржување на избори, истакнувајќи дека одлуката е на партиите, на државата и на Парламентот.