Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сонцето секому му заоѓа

0
By Нова ТВ on January 17, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 17, 2016 10:25

Ако се согласиме со фактот дека мисијата на театарот е на својот „консумент“, публиката, да и предаде знаење или барем да и го трасира патот на каде треба да се движи во време и простор, што е добро и што е штетно за човека, од што се добива и од што се губи авторитетот, а ова посебно важи за тие на кои им била дадена шансата да се докажат пред граѓаните или пошироката јавност дека поседуваат вредности и дека ја имаат сета верба да ја одиграат улогата на првиот човек – државник. Но, кога на крај се убедуваш дека не ги научиле лекциите од „пораките на актерите од сцена“, туку погрешно ги толкувале, тогаш сакале или не таквите треба да бидат казнети.

Во оваа насока Албански театар во својата продукција, особено од периодот 1980 – 2000 им сервираше на љубителите на уметноста, публиката, такви проекти од кои публиката и општеството воопшто, бездруго требало да ги извлече потребните поуки.

Бројот на таквите поуки е голем. Јас ќе спомнам само неколку, како:

„Дожд во Уертомонто“ од Ресул Шабани, кој својата драматуршка обсервација ја поставува во Чиле, во времето на падот на националниот фронт на Аленде, со аспирации на универзалноста на среќата на демократското уредување, кој однатре е детерминиран да плови по патот кон Амбисот. Прогонетите лица од воената хунта, секој со својата среќа или подобро кажано несреќа, се праќаат во „Уертомонто“, стационар, каде се концентрираат сите надежи за спас од тортурата на воениот ѕвер. Но, во овој, условно речено, локалитет на надежта, тие го наоѓаат вистинскиот пекол. „Уертомонто“ ја демаскира хипокризијата, изгубените идеали, ги „разголува“ ликовите кои со нивниот двоен морал и отвораат патека на јунтата и анти-демокрацијата.

„Бовча“ од Едвард Бонд. Ванг ја раскажува најстравотната случка за селанецот кој сиот свој живот го носел кралот на плеќи, без да помисли дека кралот од амна веќе починал… живееме во време на големи промени. Лесно е да ги откриеш ѕверовите, како што е лесно да се најдат хероите. Да судиш право, да одбираш помеѓу доброто и злото – ова е сè што е потребно да се биде човек.

„Сонцето заоѓа“ од Мишел де Гелдерод, е моќна драма која говори за анатомијата на владеењето и за владеењето на Карло V од Хамбуршката династија, кој во еден момент разбира дека не е семоќен и дека и нему му заоѓа Сонцето.

Всушност Сонцето заоѓа и за тие кои мислат дека се предодредени само за подеми, додека падот им се случува само на другите… и таквите владетели доаѓаат до ситуација да се соочат со својот пад, со својата немоќност, со фактот дека и за нив сонцето заоѓа. Во демократија секој е слободен да се кандидира, дури и да стане владетел, претседател на влада, премиер или нешто друго. Но, не треба да ја злоупотреби власта, надлежноста, правото. Тој треба да владее со чесност и треба да се бори да остане човек до крај, инаку крајот е лош, зашто нема владеење без крај, нема сонце кое не заоѓа… секогаш и секому, без разлика на својата илузија, Сонцето му заоѓа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.