Европската комисија преку канцеларијата на комесарот Филе го поздрави спроведувањето на локалните избори во Македонија. За поконкретен коментар на изборите тие ги чекаат извештаите од ДИК и ОДИХР.
„Го поздравуваме фактот дека локалните избори беа спроведени во мирна атмосфера без поголеми инциденти. Сега ги очекуваме официјалните резултати од Државната изборна комисија, како и официјалниот извештај од ОДИХР, канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, за спроведувањето на изборите и дополнителните препораки што тие би можеле да ги имаат“, велат од прес-канцеларијата на комесарот за проширување Штефан Филе.
За Дојче веле од неговиот кабинет додаваат дека извештајот од ОДИХР за спроведувањето на изборите во Македонија го очекуваат попладнево, по што тој ќе биде детално разгледан.