Жерновски за НОВА: Победив со 15% разлика, Тодоровиќ да признае пораз. Инаку, до предмалку се броеја гласовите, неважечките ливчиња го отежнуваа епилогот.
Се броеја гласовите за Андреј Жерновски и непредвидено се одолговлечи расплетот, со што станува прилично неизвесно- дали тој е победник за Центар, дознава НОВА од извори во СДСМ.
Според 98,49 проценти од преброените гласачки ливчиња, кандидатот на Сојузот за иднината, Андерј Жерновски, освоил 51,78 проценти од гласовите, објавува Државната изборна комисија.
Веднаш после него е кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, со освоени 46,20 проценти.