Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британска независна истрага: Путин одобрил убиство на агентот Литвиненко

0
By Нова ТВ on January 21, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 21, 2016 12:22

Труењето на поранешниот офицер на КГБ, Александар Литвиненко, најверојатно е одобрено од претседателот на Русија, Владимир Путин, се вели во извештајот на независната британска истрага предводена од пензионираниот судија Роберт Овен.

Извештајот е напишан на 328 страници и во него се поврзуваат смртта на Литвиненко во 2006 година со највисоки претставници на Кремљ.

– Имајќи ги в предвид сите докази и анализи, откриваме дека акцијата на руското Федерално безбедносно биро да се убие Литвиненко е одобрена од тогашниот шеф на службата, Николај Патрушев и самиот претседател Владимир Путин.

Литвиненко беше дојавувач (whistle-blower) кој се бореше со корупцијата во безбедносните служби на Русија.

Неговата сопруга, веднаш по објавувањето на извештајот, рече дека е среќна што англиските тела ги потврдиле зборовите на смртна постела на Литвиненко, дека Путин стои зад неговото труење.

Поранешниот офицер на КГБ почина на 43 години, 22 дена откако консумираше зелен чај “зачинет“ со полониум, редок токсичен изотоп, во Милениум хотелот во Лондон, по што експресно беше пренесен во болница.

Полониумот важи за супстанца која речиси исклучиво може да се најде во Русија.

Најпрво за неговото убиство беа обвинети двајцата соработници со кои се сретнал истата ноќ во хотелот, а потоа независната истрага наведе дека “можна е вмешаност на руските агенции во смртта на Литвиненко“ како и “можна е вмешаност на британските разузнавачки служби“.

На смртна постела, Литвиненко, кој важеше за критичар на Кремљ, го обвини Путин за неговата ситуација.

– Можеби ќе успееш да замолчиш еден човек, но масата протести од целиот свет ќе откликнува во твоите уши господине Путин, до крајот на животот, рече Литвиненко.

Тој заедно со неговата сопруга Марина и синот Анатоли живееја во Велика Британија од 2000 година, а неговата сопруга рече дека тој работел како агент за британската МI6 разузнавачка служба.

Извештајот на Овен од друга страна е направен со сведоштва и интервјуа со 62 сведоци но нивните сведочења не се вклучени во финалниот извештај бидејќи се тајни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.