Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјалното обвинителство бара ингеренции за заштита на сведоци

2
By Нова ТВ on January 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 21, 2016 12:45

Специјалното јавно обвинителство се соочува со проблеми за да одговори на барањата на заштитените сведоци кои се пријавуваат да сведочат во предметите кои ги превзема оваа институција со мандата да ги расчисти сомневањата за сторени кривични дела кои произлегоа од објавата на нелегално прислушуваните разговори.

Во Специјалното обвинителство велат дека деновиве ќе достават предлог за измени на законот за заштитените сведоци со цел да им се обезбеди и гарантира безбедност на оние кои сакаат да соработуваат со оваа институција. Со овие измени Специјалното јавно обвинителство ќе бара да му бидат доделени ингеренциите за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои ги води ова обвинителство.

Според постоечкиот закон одлуката за доделување на статусот заштитен сведок ја донесува Совет за заштита на сведоци. Како што е предвидено со членот 6 од овој закон Советот е составен од пет члена.

Членови на Советот се претставник на Врховниот суд на Република Македонија од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство на Република Македонија од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од Министерството за внатрешни работи и раководителот на Одделението во Министерството за внатрешни работи.

Иницијативата на Специјалното јавно обвинителство за измени на законот има за цел да излезе во пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштитата на нивниот идентитет. Во голема мерка овие стравувања на потенцијалните заштитени сведоци произлегуваат од блискоста и поврзаноста на поединци во институциите чии претставници се дел од Советот за заштита на сведоци со политичките структури кои согласно мандатот на Специјалното обвинителство се опфатени во истрагата која ја води оваа независна институција.

Во Специјалното јавно обвинителство велат дека при изработката на текстот за измени на заонот се водат од искуствата на повеќе европски држави како на пример Италија каде што анти мафија обвинителството има посебни ингеренции за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои се водат против осомничените за учество или соработка со мафијата.

Инаку според членот 26 од законот мерки за заштита на сведокот се : чување на тајност на идентитетот; обезбедување на лична заштита; промена на живеалиште, односно престојувалиште и промена на идентитет.

Овој закон се применува доколку докажувањето на кривичното дело е проследено со несразмерни тешкотии или не може да се изврши без исказ на лице, кое, поради можната опасност да биде изложено на заплашување, закана со одмазда или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имот од поголем обем, не се согласува во својство на сведок да даде исказ за следниве кривични дела: – против државата, – против човечноста и меѓународното право, – од областа на организираниот криминал и – за кои со Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку четири години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.