НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСE: Злоупотреба на државните ресурси во кампања

0
By Нова ТВ on March 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Локалните избори во Македонија беа конкурентни и ефикасно спроведени. Денот на изборите беше мирен иако беа забележани некои процедурални нерегуалности, вклучително и случаи на групно гласање, оценуваат во прелиминарниот извештај набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

– Изборите им дадоа можност на кандидатите да водат слободна изборна кампања и самата кампања беше многу активна. Во исто време нашата мисија доби веродостојни обвинувања за заплашување на гласачите и злоупотреба на државни ресурси во текот на кампањата, вели амбасадорот Герт Аренс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Со неколку исклучоци, на избирачките места посетени од страна на набљудувачите изборите се одвивале мирно без поголеми инциденти.

„Постои загриженост во врска со ссостојбите со медиумите. Не само во однос на изборите и пошироко“, изјави Јури Ландберг, шеф на делегацијата на Конгресот.

Според него, „плуралистички медиуми и новинари кои ќе можат да ја исполнат својата функција во општеството се витални за демократијата“.

Набљудувачите забележуваат на „партиски наклонето медиумско покривање и мешање на државни со партиски активности, што секогаш не обезбедувало изедначен натпревар“. – Постои загриженост за состојбата поврзана со медиумите не само во однос на овие избори туку и во поширок контекст. Плуралистички медиуми и новинари кои ја исполуваат нивната функција во општеството се од големо значење за една демократија, оценуваат ОБСЕ/ОДИХР и СЕ.

Изборното законодавство е сеопфатно иако е потребна натамошна реформа со цел да се подобри Изборниот законик. ДИК работеше ефикасно и транспарентно и ги исполни изборните рокови, но некогаш гласаше по партиска или етничка линија што имаше негативно влијание врз нејзината непристрасност и колегијалност.

Отстранувањето на околу 119 илјади граѓани од Избирачкиот список пред изборите поради немање биометриски документи беше поддржано од сите големи партии. Иако постоеше зголемена доверба во точноста на листите имаше жалби, вклучително и на денот на изборите. Неопходно е подобрување на процедурите за составување и одржување на Избирачкиот список, се вели во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и СЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.