Белгискиот посредник во преговорите помеѓу работните групи на четирите политички партии задолжени за решавање на политичката криза, на барање на НОВА да го искоменитра говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бо кој беше спомнат и тој вели:
– Немам никаква реакција, мојот одговор како и секогаш е „Ако не ви се допаѓа пораката, убијте го гласникот“, кратко изјави Питер Ванхауте.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ неодамна при својот говор за време на Годишната конференција на Унијата на жени на партијата, Белгиецот Ванхауте го стави во редот на соработувачи на Зоран Заев, заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева.
– Ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, рече меѓу другото Груевски во својот говор.
Медијаторот меѓу партиите ваквата изјава ја даде денеска непосредно пред почетокот на денешната средба на која како што информираше, ќе се разговара паралелно за медумите и методологијата за прочистување на Избирачкиот список.
– Вечерва имаме нов работен состанок помеѓу работните групи, има нови предлози за медиумите и методологијата за прочистување на Избирачкиот список, ќе видиме како тие изгледаат и се надевам ќе постигнеме некаков напредок. Овие предлози се од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на предлозите од СДСМ, дополни Ванхауте.